Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Чадиковски на средба со претседателот на Кривичниот суд во Скопје Иван Џолев

ZNM
Wednesday 27 March, 2019Wednesday 27 March, 2019/ Wednesday 27 March, 2019

Претставници на Здружението на новинарите на Македонија се сретнаа со претседателот на Кривичниот суд во Скопје, Иван Џолев. Поради зголемен интензитет на судски рочишта од особен интерес за пошироката јавност, главна тема на разговор беше подобрувањето на условите за работа на новинарите кои известуваат од судските рочишта.

Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски, ја поздрави новата пракса на претседателот Џолев во поглед на транспарентноста на институцијата. Тој истакна дека праксата на организирање на редовни брифинзи за новинарите е одлична и истата треба да ја применуваат и другите судови и институции. „Речиси на сите средби со претставници на разни институции сугериравме да одржуваат редовни брифинзи со новинарите бидејќи на тој начин се зголемува транспарентноста на институцијата и се намалува можноста за објавување на неточни и непроверени информации“, рече Чадиковски.

На средбата стана збор и за можна поблиска соработка преку организирање на заеднички активности, дебати и обуки преку кои ќе се подобри соработката помеѓу судиите и новинарите, а паралелно ќе се работи и на подобрување на квалитетот на известувањето.

Претседателот на Кривичниот суд Џолев истакна дека Судот е отворен да соработува со новинарите со цел додатно да се зголеми транспарентноста и да се подобри информираноста на јавноста во однос на работата на судовите.

По средбата, на претставниците на ЗНМ им беше презентирана и новата судница со сите услови кои ги нуди за известување директно од рочиштата.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwitterlinkedin
Ознаки: