• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • Чадиковски до Митрев: Слободното новинарство постои за граѓаните и за заштита на јавниот интерес

    Чадиковски до Митрев: Слободното новинарство постои за граѓаните и за заштита на јавниот интерес

    • Категории Соопштенија
    • Датум јануари 25, 2023

    Г-не Митрев, со внимание го прочитав писмото што го упативте до мене и сакав и лично да Ви одговорам, но со оглед дека писмото од Ваша страна е дистрибуирано до јавноста, чувствувам должност и јавно да Ви одговорам.

    Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) е најстарата граѓанска организација во земјата чија основна улога е заштита на новинарите од цензура и промовирање на професионалните стандарди во работењето. Затоа и јавно реагираме кога новинарите и медиумските работници се нападнати, етикетирани, омаловажувани, тужени или обвинети, било да станува збор за поединци или за оркестрирани и организирани напади од некој центар на моќ.

    Вие бевте во центарот на новинарска истражувачка сторија од несомнен јавен интерес, изработена од ИРЛ, емитувана на МТВ, и со право таа тема се покажа како многу значајна за јавноста. Сторијата, по неколку месеци од објавувањето, резултираше со иницирање обвинение од страна на Основното јавно обвинителство, што секако не го одзема Вашето право и на понатамошна комуникација со јавноста. Вие тоа право го имавте и за целото време и пред иницирањето на обвинението. Имавте и можност да се обратите и до само-регулативните тела во ЗНМ или во Советот за етика во медиумите, каде би можеле дел од Вашите наводи упатени сега до мене, да ги упатите до оние на кои им е тоа работа, Судот на честа во ЗНМ, или комисијата за жалби во СЕММ. Но наместо тоа, Вие поднесовте тужба за клевета до новинарите на ИРЛ, заедно со барање без преседан, за времена мерка да не се известува за овие прашања (цензура), што беше одбиено од судот. Потоа, неколку дена пред да се подигне обвинение против Вас од ОЈО, Вие се решивте да ја повлечете тужбата кон новинарите од ИРЛ.

    Имам потреба да појаснам дека Судот на честа при ЗНМ, како и Советот за етика како посебна организација која се грижи да се промовира новинарската етика, имаат задача да донесат соодветен суд, за колеги или медиуми од фелата, за кои некој граѓанин, политичар, бизнисмен, лекар, новинар, сметаат дека ги прекршил стандардите во работата. Во ситуација кога имаме ефикасен систем на медиумска саморегулација, во чии тела членуваат новинари и професионалци, би било нечесно да се очекува за новинарските продукти да судат политичари или разни моќници. И во случаи кога новинари имаат претставки за други новинари, единствените меродавни тела кои можат да дадат проценка, за да се избегне субјективен суд, мој, Ваш, се овие само регулативни тела.

    Идејата на само-регулацијата во медиумите е да се избегне или да се намали тоа што често ни се случува во јавноста и на социјалните мрежи. Кога одредени моќници ќе почнат да изнесуваат неосновани шпекулации во јавноста, за медиумите или новинарите, се креира атмосфера на линч и обвинувања. Изминатиот период бевме сведоци на низа етикетирања на социјалните мрежи врз колегите од ИРЛ, кои беа паушални, застрашувачки, клеветнички, од повеќе аспекти.

    Сметаме дека секој обид да се заплаши слободното новинарство во медиумите, не му оди во прилог никому, а најмалку на новинарите и на граѓаните, за кои работиме и на кои им служиме.

    Со почит,

    Младен Чадиковски

    Претседател на ЗНМ

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ побара од Град Скопје да се унапреди транспарентноста и комуникацијата со новинарите
    јануари 25, 2023

    Следен

    SafeJournalists: Албанскиот новинар Елвис Хила и неговата сопруга физички нападнати
    јануари 27, 2023

    Можеби ќе Ве интересира

    ZNM
    Континуиран тренд на безобразни испади на државните функционери кон новинарите
    6 февруари, 2023
    ZNM
    ЗНМ: Односот на владините службеници е цензура
    4 февруари, 2023
    ZNM
    ЗНМ го осудува селективниот пристап на Владата за акредитација на медиуми
    3 февруари, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?