Урим Хасипи е нов регионален координатор на тетовскиот регион

Новинарите и снимателите од тетовскиот регионален центар на ЗНМ одржаа работна средба во Тетово на која едногласно беше избран Урим Хасипи како нов координатор за регионалниот центар на ЗНМ во Тетово.
Изборот на Хасипи доаѓа по оставката на моменталниот координатор Сенат Зулбеари заради неговиот избор во Управниот одбор на Здружението на годишното Изборно собрание одржано на 03.12.2022 година.
Колегата Хасипи продолжува понатаму со предвидените активности на овој регионален центар со континуирана поддршка на ЗНМ.