• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Анализи и публикации
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2020
      • Прес клипинг 2019
      • Прес клипинг 2018
      • Прес клипинг 2017
      • Прес клипинг 2016
    • Галерија
    • Видеа
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на МакедонијаЗдружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Анализи и публикации
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2020
        • Прес клипинг 2019
        • Прес клипинг 2018
        • Прес клипинг 2017
        • Прес клипинг 2016
      • Галерија
      • Видеа
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Блог
    • Активности
    • Улогата на медиумите во борба против насилниот екстремизам и тероризам

    Улогата на медиумите во борба против насилниот екстремизам и тероризам

    • Категории Активности
    • Датум декември 21, 2020

    Медиумите имаат исклучително значајна улога во борбата против тероризмот, како и во откривањето на локацијата на терористичките организации и нивното насилно екстремистичко дејствување. Секое истражување и информации за можен терористички план од страна на екстремистички организации може да биде од исклучително превентивно значење за безбедносните служби  и органи на државата или регионот. Меѓутоа, споделувањето на одредени информации за евентуални терористички активности во етер или во јавност, без претходно информирање од страна на надлежните институции во таа земја или регион, може да предизвика масовна паника кај граѓаните, а на терористите ќе им се даде можност да се прераспределат на други локации, наместо да бидат неутрализирани.  

    Улогата на медиумите е важна во секој поглед, како во борбата против насилниот екстремизам и тероризам, во начинот како се известува и во точноста на информациите коишто се споделуваат во јавноста.  

    Но, има и еден друг момент, а тоа е улогата на медиумот врз едукацијата на младите лица уште од најмала возраст. Медиумите се, исто така, важен дел во воспитно-образовниот процес на децата. Зошто го споменуваме ова? Затоа што анализите покажуваат дека токму лицата кои се приклучуваат во терористичко-екстремистичките организации се млади лица, можеби изманипулирани, кои сметаат дека се исфрлени од општеството, растени во нестабилно семејство во кое царувале пороци, несогласувања, физичко малтретирање, психофизичка нестабилност и слично. Медиумите се мошне значајна алка во синџирот на едукација на целата популација, а особено на младите луѓе, низ соодветна воспитно-едукативна програма. Во голема мера, таквата програма значително придонесува во разграничувањето на вистинските вредности во животот на личноста, против развивањето на идеи за тероризам, подлегнување на пороци или занимавање со активности кои се косат со законите во државата.  

    Борба против тероризмот и насилниот екстремизам 

    Почетокот на борбата против тероризмот и екстремизмот го лоцираме од 2001 година. Ова е особено чувствителна материја која значително се разликува од дневно-политичките вести и кон неа треба да пристапува со соодветно внимание. 
    За да може да се истражи оваа проблематика, недостига потребата од поинтензивно истражувачко новинарство на оваа тема. Одредени новинари прават опсежни истражувачки студии, давајќи им со тоа пример и на другите за да го следат нивниот пат, доколку имаат интерес за оваа тема. Медиумите, како такви, треба да изнесат детали за начинот на кој е извршен евентуален напад. Начинот на кој ќе известуваат има силно влијание врз јавноста и општеството. 
    Освен тоа, потребно е да се исклучи пристрасноста во известувањето за овие настани. Тоа може да претставува ризик од појава на поларизација на заедниците и да предизвика омраза и нетрпеливост, односно да се зајакнат или поттикнат факторите кои водат кон терористичка радикализација. Пристрасноста во известувањето, најчесто, може да доведе и до поткопување на угледот на самиот медиум како што е наведено во публикацијата: „Building resilience against violent terrorism and extremism through reinforced 
    journalists, media and government officials“). 

    Иако начелата за етичко новинарство нудат рамка за известување во врска со чувствителни теми, како што е насилниот екстремизам, потребно е да постои зголемена свест за законите што се однесуваат на приватноста и пресумпцијата на невиност. Понатаму, не треба да се прави мит од тероризмот и не треба да се даваат епитети со кои се воздигнуваат извршителите на актите на тероризам. Друго, посебен акцент треба да се стави на изборот на терминологијата кога се известува за актите на насилен екстремизам и радикализам. Она што се очекува од известувачите се одговорност, објективност и професионалност.  
    А, што би значело тоа? Потребата да се посвети посебно внимание на верфикацијата на фактите од страна на новинарот пред да се даде каква било изјава (доверливост, точност и можност за проверка на истите). 

    Кога зборуваме за оваа тема, важно е да се напомене и безбедноста на новинарите/известувачите за актите на насилен екстремизам и радикализам. Ние мораме да ја имаме предвид нивната работна положба, теренот од каде што истите известуваат и сите можни ризици со кои би можеле да се сретнат. На следниот графички приказ се прикажани статистички податоци за бројот на настрадани новинари/репортери кои известувале на оваа тема. Временската рамка е од 2010 до 2019 година. Дадените статистички податоци се однесуваат на светско ниво (Извор: Репортери без граници, 2019). 

    Infografik Reporter ohne Grenzen getötete Medienschaffende EN

    Ако ги погледнеме бројките, тогаш може да воочиме дека безбедноста на новинарите треба да биде еден од позначајните елменти кога станува збор за обработката на оваа проблематика на насилен екстремизам и радикализам. 

    Според главниот уредник на Клан Македонија и новинарот, Реан Саити, во последниве години, вистински предизвик за медиумите е известувањетo за настани со екстремистичко или терористичко потекло. Според него, вистински предизвик, исто така е, новинарите да се придржуваат до новинарската етика и да бидат урамнотежени во известувањето.  

    “Терористичкиот напад во Виена, Австрија, во кој главниот протагонист беше Албанец од Северна Македонија, посочи значаен проблем со кој се соочуваат медиумите во земјата. Вознемирувачки е фактот дека извештаите, телевизиските прилози, написите и анализите на оваа чувствителна тема обично се јавуваат по извршување на терористичко дело, што нужно го докажува недостигот на едукативни теми во медиумите, со кои граѓаните би биле запознаени со проблемот, но исто така би се осврнале и на прашањата на ксенофобија, рацизам и насилство“- рече новинарот Саити. 

     Повикувајки се на проценките на меѓународните eксперти, Саити истакна дека терористичките напади честопати се вршат со цел да се привлече вниманието на електронските медиуми и меѓународниот печат.  

    “ Од оваа гледна точка, медиумите и новинарите, исто така, се соочуваат со дилемата дали нивното известување може да ја зголеми славата што ја сакаат извршителите, но од друга страна и со самоцензура, која во овој случај би се толкувала како капитулација. Големиот медиумски притисок, со цел да привлече што поголем број гледачи или читатели,соочени со незапирливи бранови на технолошка трансформација, може да влијае на медиумите за тие да се фокусираат на насилството и сензационализмот, како и први да ги објават најновите вести и гласини, дури и пред да се потврди нивната точност“- истакна Саити.  

    Тој вели дека новинарите треба да бидат повнимателни и да објавуваат само информативни содржини, ослободени од сензационализам.  

    “Очигледно, употребените зборови, сликите и снимките што се објавуваат треба да бидат информативни, а не сензационалистички. Сензационалното известување може да биде опасно, не само за професионалното новинарство, туку и за последиците што може да ги предизвика во јавноста, како што е ширење паника, предизвикување поделби и страв”, заклучи новинарот Саити. 

    Автори на сторијата: Гоце Андреевски , Д-р Стојан Трошански , Ајнуре Бафќари 

    Оваа статија е изработена во рамки на проектот „Градење отпорност против насилниот тероризам и екстремизмот преку зајакнати капацитети на новинари, медиуми и владини претставници” (Building resilience against violent terrorism and extremism through reinforced journalists, media and government officials), финансиран од страна на Европската унија во рамки на програмата СТРИВЕ Глобал (Strengthening Resilience to Violent Extremism -STRIVE Global) преку Хедаја (Hedayah, International Centre of Excellence for Countering Violent Extremism)
    Содржината на статијата е одговорност единствено на авторите и ЗНМ, ИЕП и Институт Коница и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува ставовите и гледиштата на Европската Унија 

    • Сподели:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходна објава

    ПОЛИТИКИ НА РАЗМЕНА НА ИНФОРМАЦИИ ВО БОРБАТА НА НАТО ПРОТИВ ТЕРОРИЗМОТ И НАСИЛНИОТ ЕКСТРЕМИЗАМ
    декември 21, 2020

    Следна објава

    Случајот „Филан" и известувањето за урбани терористички напади
    декември 22, 2020

    Можеби ќе ве интересира

    Picture4
    Меѓусекторската соработка како фактор за борбата против тероризмот
    8 јануари, 2021
    storija 11
    Дали државата работи со младите за да не се вклучат во тероризам?
    5 јануари, 2021
    shutterstock_1625760724
    ЛОКАЛНИТЕ СОВЕТИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ ВО БОРБА ПРОТИВ НАСИЛЕН ЕКСТРЕМИЗАМ И ТЕРОРИЗАМ
    29 декември, 2020

    Leave A Reply Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Совет на чест

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    No apps configured. Please contact your administrator.

    Login with your site account

    No apps configured. Please contact your administrator.

    Lost your password?