Т-АЈМ: Обука за финансиско планирање и управување со лични финансии

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), во рамки на Тренинг академијата за новинари и медиумски работници, организираше еднодневна обука на тема: „Финансиска писменост“.
Наменета за новинари и медиумски професионалци, обуката беше фокусирана на практични знаења што можат веднаш да се применат – од подобро планирање на личниот буџет до носење поинформирани финансиски одлуки во секојдневието. Предавач беше Кристина Куновска, која преку динамичен и интерактивен пристап ги водеше учесниците низ основите на финансиското планирање, буџетирањето и штедењето.
Посебно внимание беше посветено на реални ситуации – како да се управува со долг, како да се оптимизираат трошоците и кои се првите чекори кон инвестирање. Преку практични вежби и конкретни примери, учесниците се стекнаа со корисни алатки што можат веднаш да ги применат.
Обуката заврши со отворена дискусија и размена на искуства, проследена со евалуација и препораки за идни активности.
Обуката се одржа со финансиска поддршка на Европската Унија, во рамки на проектот „Тренинг-Академија за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ“. За содржината е одговорно исклучиво Здружението на новинарите на Македонија и таа нужно не ги одразува ставовите на Европската Унија.
