С О О П Ш Т Е Н И Е за свикување на ГОДИШНО НЕИЗБОРНО СОБРАНИЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИ НА МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски, согласно Статутот распишa Годишно неизборно собрание на ЗНМ. Собранието ќе се одржи на 3-ти октомври (сабота) 2020 година во хотел Александар Палас, Скопје.
Новинарите што сакаат да учествуваат на неизборното Собрание треба да го ажурираат своето членство најдоцна до 01 октомври 2020 година.
На Собранието ќе ги претставиме активностите кои ЗНМ ги спроведе во 2019 година и заедно ќе дебатираме за предизвиците со кои се соочуваме како колеги во контекст на тековната пандемија.
ПРЕДЛОГ ДНЕВЕН РЕД:
- Декларација за престанок на неказнивоста на нападите и заканите кон новинарите и медиумските работници
- Стратегија за работата на ЗНМ за 2019 – 2022 година
- Измена и дополнување на правилници и Статут на ЗНМ
- Наративен извештај за работата на ЗНМ за 2019 година,
- Финансиски извештај за работа на ЗНМ за 2019 година,
- Разно
- Прием
Материјалите за собранието ќе бидат пратени во наредните денови а копии ќе бидат достапни и на настанот.
Настанот е предвидено да трае час и половина со запазување на мерките за превенција од КОВИД-19 а за оние кои нема да се во можност физички да присуствуваат ќе имаат можност да се приклучат на платформата ЗООМ за што ќе следат инструкции.
За било какви прашања може да се обратите во канцелариите на ЗНМ, на е-маил contact@znm.org.mk , или на телефонскиот број: 02/3298-139
Скопје, 16.09.2020 година
Претседател, Младен Чадиковски