Сухејл Јонузи е нов координатор во полошкиот регион од секцијата на сниматели при ЗНM

Членовите на Секцијата на сниматели при ЗНМ во Тетово одржаа работен состанок на кој едногласно го избраа Сухејл Јонузи за нов координатор на полошкиот регион во рамките на секцијата.
Колегата Јонузи се заблагодари на поддршката од страна на колегите за оваа обврска и рече дека ќе продолжи да ги застапува интересите на колегите и колешките кои работат како сниматели во медиумите во овој регион, со цел подобрување на нивната позиција.
Досегашниот координатор од Тетово, Ведут Османи на 27 февруари беше избран како координатор на секцијата заедно со Зоран Догов, Адријана Јовановска, Ристо Мишев и останува во тесна соработка со колегите од секцијата на сниматели.