• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Средба со новинари и медиумски работници од регионален центар Штип

    Средба со новинари и медиумски работници од регионален центар Штип

    • Категории Активности
    • Датум ноември 28, 2023

    Силни заложби во креирање на Фонд за медиумски плурализам, обуки и поддршка на новинарите и снимателите во регионалните центри на ЗНМ, изработка на специјализирана платформа за Веб содржини поврзани со дезинформации, повеќе бенефиции за членовите на ЗНМ, се дел од темите на кои се разговараше на средбата на претставниците на ЗНМ со новинарите и медиумските работници од штипскиот регионален центар.

    Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски во своето обраќање зборуваше за новинарскиот протест одржан на 17 ноември чија цел беше да се истакне неправдата нанесена со последната пресуда против Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), со која судот си додели улога да одредува кој смее, а кој не смее да биде новинар. Исто така истакна дека новинарите треба да бидат во чекор со времето и трендовите кои ги налага дигиталната ера ако сакаме да го задржиме професионалното ниво.

    „Не смееме да дозволиме ваква пракса да се наметне, судии да кажуваат кој смее, а кој не смее да биде новинар. Годинава сме на 38-мо место на „Репортери без граници“ , но таа слика може лесно да се промени и да се вратиме назад. Точно е дека денес, за разлика од минатото имаме поголема слобода на говор, но слободата тешко се освојува, а лесно може да се зафуби. Затоа да бидеме будни, не смееме да дозволиме политички влијанија,и треба да работиме на решевање на предизвиците со финансирање на медиумите, особено во локалната заедница. Ние извесен период наназад работиме на предлог до носителите на законите, а тоа e фонд за медиумски плурализам. Овој фонд треба да придонесе кон креирање на квалитетни новинарски продукти. Истовремено ЗНМ постојано работи на унапредување на капацитетите на новинарите преку организација на обуки и тренинзи, а последната активност е Т-AJM-Тренинг академијата за новинари“ – кажа Чадиковски.

    Координаторот на штипскиот регионален центар, Тони Михаилов, се надоврза на Чадиковски во однос на активностите кои ЗНМ ги има во план за реализација во следниот период, како и бенефициите кои новинарите ги добиваат со членството во ЗНМ:

    „Би сакал да истакнам дека е навистина важност сите ние да бидеме уште повеќе ангажирани во активностите, поточно обуките кои Здружението ги организира, за кои сметам дека се од голема професионална корист за сите нас кои работиме во медиумите. Имаме и дополнување на листата со бенефиции кои што се однесуваат на овој регион“ – рече Михаилов.

    Извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски зборуваше за настаните кои изминаа минатиот период, како и за новитетите кои следат, а се однесуваат на членовите на ЗНМ:

    „На 2-ри ноември го одбележавме Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата врз новинарите со настан на кој беа објавени  три посебни јавни обвинители за тетовското, битолското и штипското апелационо подрачје. Сметам дека ова претставува значаен чекор напред во подобрување на состојбата на новинарите во однос на нивната безбедност. За нашите членови, имаме бесплатна и психолошка и правна помош. Околу законите, во моментов се подготвува нов Закон за медиуми каде што има дополнување во делот на онлајн медиумите, односно ќе има блага регулација во оваа област “ – истакна Секуловски.

    На крајот се обрати и претседателот на Советот на честа при ЗНМ, Саше Димовски кој ја престави работата на новиот состав, а воедно апелираше за поголема внимателност при објава на новинарски текстови, како и пренесување на комерцијалните соопштенија од бизнис секторот:

    „Во изминатите месеци откако функционира новиот состав на Советот на честа имавме навистина завидна бројка на претставки, од кои голем дел се однесуваа и на објави на социјалната мрежа на ФБ. Во оваа насока, на последниот состанок, донесовме нова одлука каде решивме дека советот нема да постапува по претставки кои се однесуваат на ФБ објави на лични профили, туку ќе се постапува по претставки каде што ФБ се употребува како медиум. Исто така, би сакал да повикам на поголема внимателност при објава на текстови, посебно на комерцијалните ПР текстови, бидејќи тоа создава основ за исклучување на членство доколку не се почитува доследно Кодексот на новинарите“ – рече Димовски.

    Настанот е реализиран во рамките на проектот „Заштита на слободата на изразување и независноста на медиумите како столбови на демократијата во Република Северна Македонија“ финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата на учесниците нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Одлука по поднесени претставки на Ана Чупеска професорка на Правниот факултет при УКИМ, против новинарките од ИРЛ
    ноември 28, 2023

    Следен

    Вербално нападнат новинарот Невриј Адеми - заканувачите мора да одговараат
    ноември 29, 2023

    Можеби ќе Ве интересира

    2
    ЗНМ и АВМУ разговараа за актуелните состојби на медиумскиот пазар и транспарентноста на сопственоста
    8 октомври, 2026
    169 (86)
    Повик за учество на еднодневна обука на тема: „Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции “
    7 октомври, 2026
    169 (85)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ДИГИТАЛНА БЕЗБЕДНОСТ
    5 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?