• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Средба на новинарите од источниот регионален центар

    Средба на новинарите од источниот регионален центар

    • Категории Активности
    • Датум ноември 9, 2022

    Новинарите од Регионалните центар на ЗНМ – Исток во сабота (5 ноември 2022) во Берово одржаа консултативна средба на тема „Предизвици со кои се соочуваат новинарите надвор од Скопје при известување на теми од областа на правосудството“.

         Освен освртот на сознанијата претставени во националната студија „Ставови и перцепции на новинарите за транспарентноста на правосудството во Северна Македонија“, на средбата се дебатираше и за состојбите и проблемите на новинарите и медиумските работници во регионот, со цел да се изградат ставови за насоките во кои се очекува да се движат активностите на ЗНМ во иднина.

        Новинарите се запознаа со резултатите објавени во студијата, пред се со заклучоците и препораките, но и имаа свои дополнителни предлози за подобрување на состојбите во оваа област коja се однесува на штипска Апелација. Во таа насока  новинарите предложија да се организира и директна средба со оваа институција за да се дефинира начинот на комуникација. Слична е состојбата и со обвинителствата. Кај основните судови има подобрувања, назначени се лица за односи со јавноста, но новинарите сметаат дека е потребно зголемување на поголема комуникацијата и во овој сектор.

    Отворено истакнување на проблемите беше карактеристика на дебатата посветена на состојбите и проблемите на новинарите и медиумските работници.  Уште еднаш се покажа дека најголем камен на сопнување и незадоволство e финансирањето на локалните медиуми како еден од најголемите проблеми со кои се соочува новинарството во внатрешноста. Овде исто така беше потенцирано и дека тековните законски решенија исто така ги привилегира националните медиуми на штета на регионалните и локалните. 

       Уште една работа која е во тек, но уште нема позитивен исход, е решавањето на статусот на дописниците на МРТВ кои подолго време работат на месечни договори без платени придонеси. Исто така, колегите бараа да има поголемо учество на членови на ЗНМ од внатрешноста во органите и телата на ЗНМ, за да не се повтори сегашниот случај, кога во УО нема ниту еден член надвор од Скопје.

       На средбата стана збор и за претстојното Изборно собрание на ЗНМ, за можни кандидати кои ќе бидат поддржани за членови на Управен, Надзорен одбор и за Совет на честа, а новинарите побараа кандидатите за Претседател на ЗНМ да имаат средби со Регионалните центри, за да ја претстават својата програма.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Сенат Зулбеари е нов регионален координатор на ЗНМ во Тетово, Зоран Димовски е заменик
    ноември 9, 2022

    Следен

    ЗНМ: Скандалозно решение на Апелациониот суд во Скопје против новинари
    ноември 9, 2022

    Можеби ќе Ве интересира

    3.AJM_NL5 MK
    ЗНМ публикација: Упатство за етичко и професионално информирање за теми од судството
    30 март, 2023
    slika MK
    ЗНМ бележи негативни трендови во Извештајот за степенот на слобода на медиумите и безбедноста на новинарите за 2022 година
    29 март, 2023
    znm
    Регионални активности и средба на секцијата на сниматели при ЗНМ во Велес
    28 март, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?