• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Средба на новинарите од источниот регион на тема – предизвици при известување на теми од правосудството

    Средба на новинарите од источниот регион на тема – предизвици при известување на теми од правосудството

    • Категории Активности
    • Датум април 11, 2023

    Новинари од источниот регион на земјава, во саботата на 8-ми април одржаа втора консултативна средба на тема: „Предизвици со кои се соочуваат новинарите надвор од Скопје при известувањето на теми од областа на правосудството“ на која беше присутен Претседателот на Основниот суд Штип, судијата Ѓорги Андонов, кој исто така е и член на Судско – медиумскиот совет.

    За време на средбата од страна на новинарите беше потенцирана потребата од поголема транспарентност од страна на судовите, но и обвинителството. Уште еднаш беше кажано дека работата на новинарите е динамична, информациите им требаат на дневно ниво, бидејќи секое задоцнување значи губење на тековност и релевантност на информацијата. Посебно беше истакнат проблемот со судот во Кочани каде тешко се доаѓа до информации, иако на веб страната на судот постои лице – портпарол одговорно за контакт со јавноста.  Од голема важност е да добиваат изјави од судиите или портпаролите на конкретните институции, бидејќи така ќе се избегне слободно толкување на пресуди и одлуки. Беше предложено да се издаваат билтени на определен временски период во кои ќе има информации за судењата за предмети кои се од јавен интерес.

    Судијата Андонов во своето обраќање во врска со конкретните теми и предлози потсети дека во вакви и слични ситуации секогаш треба да се почитува пресумпција на невиност и да се избегнуваат бомбастични наслови во борбата за кликови. Тој пред учесниците ја презентираше работата и активностите на Судско медиумскиот совет, потенцирајќи дека од значење за судството и судиите е да има добра соработка со новинарите. Toj го оцени како извонредно корисно Упатството за етичко и професионално информирање за теми од судството, издадено од ЗНМ, при што најави дека и од Судско медиумскиот совет се со намера на изготвување на своевиден прирачник за листа на термини од судството, кои ќе им бидат од корист на новинарите.

         Судско медиумскиот совет исто така е во подготовка на Обуки за соработка на судии и новинари, при што беше предложено некои од тие обуки да се организираат и на ниво на регионот на истокот.

    Заклучоците од средбата беа во насока на подготовка на информации од страна на новинарите во регионот за состојбите, забелешките за проблемите со кои се соочуваат при известувањето за теми од правосудството и соработката со судовите, таа информација да се достави до Судско медиумскиот совет за да се знаат насоките за подобрување на состојбите,  уште поголемо зголемување на соработката на судовите и ЗНМ, во поглед на помош во идентификувањето на релевантните медиуми, евентуално акредитирање на новинари кои ќе известуваат од работата на судовите, вклучување на новинарите од регионот во обуките кои ќе ги реализира Судско медиумскиот совет, подготовка на листа на термини од правосудството која ќе им биде на располагање на новинарите.

    Средбата беше оценета како корисна и добар почеток на подобра соработка на новинарите и судството во насока на професионално и етичко информирање на теми од судството.

    Настанот е дел од регионалниот проект „Зајакнување на слободата на медиумите во Северна Македонија“ финансиран од Кралството Холандија и имплементиран од холандскиот Хелсиншки комитет и Фри прес анлимитед (Free Press Unlimited) во партнерство со Здружението на новинарите на Македонија. Ставовите и мислењата изразени во оваа публикација се во целост на авторот(ите). Тие нужно не ги претставуваат ставовите и мислењата на Кралството Холандија, ниту на организациите што го спроведуваат проектот или на нивниот локален партнер.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ: Секцијата на фоторепортери побара на владините фотографии да стои воден жиг
    април 11, 2023

    Следен

    ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА УСЛУГИ ЗА ПИСМЕН И УСТЕН ПРЕВОД И ЛЕКТУРА
    април 13, 2023

    Можеби ќе Ве интересира

    3
    Работилница за безбедност на новинарите и снимателите во соработка со МВР и ОЈО
    28 мај, 2023
    5
    Реализирана тродневна работилница за изработка на новиот стратешки план на ЗНМ
    8 мај, 2023
    slika krvodaritelstvo
    Хуманитарен настан по повод 3-ти мај, Светскиот ден на слободата на медиуми во организација на ССНМ и ЗНМ
    3 мај, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?