• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • Срамна одлука на Апелациониот суд Скопје на штета на истражувачкото новинарство

    Срамна одлука на Апелациониот суд Скопје на штета на истражувачкото новинарство

    • Категории Соопштенија
    • Датум мај 29, 2023

    Советот на Апелациониот суд Скопје составен од судиите Гордана Ѓорчева, претседател на советот, Суад Алиу и Влатко Самарџиски, членови на советот, донесе срамна одлука на штета на слободното новинарство против колегите од Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ).

    Овој суд ја укинува пресудата на Основниот граѓански суд Скопје во корист на новинарите и повторно го враќа на судење предметот во кој поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев ги тужи Сашка Цветковска и ИРЛ. 

    Овој вид на одлуки на судиите од Апелациониот суд Скопје и генерално ваквата лоша судска пракса негативно се одразува на слободата на изразување и поттикнува самоцензура, посебно ако се земе во предвид дека тужбата е приватна а тужителот е економски моќник, а во претходниот владин состав и Заменик на претседателот на Владата.

    Важно е да се истакне дека ваков вид на тужби служат да се предизвика заплашување и потенцијално финансиско исцрпување на тужените новинари. Укажуваме дека вообичаено целта на овој вид на тужби не е да се заштити личниот углед, туку да се малтретираат тужените со цел да се демотивираат или да се откажат од јавна критика. Овој вид на тужби се познати како стратешки тужби за спречување на јавно учество (SLAPP) и за истите Советот на Европа креира препораки до членките држави како тие да се превенираат зошто може да го нарушат правото на информирање на граѓаните.

    Дополнителен проблем во врска со овој случај е вчерашниот груб обид за јавна дискредитација од страна на Секторот за односи со јавноста и за маркетинг на „Феро Инвест“ ДОО Скопје кој во соопштение до медиумите сподели свое толкување за овој судски случај. Тие во објавата која беше пренесена од страна на неколку медиуми, се ставаат во улога на суд, прејудицираат идна судска одлука и служејќи се со навреди кон колешката Цветковска велат дека таа „ја злоупотреби својата положба на новинар, што е тешка повреда на Законот за медиуми и на основните новинарски начела“.

    На овој начин може да се протолкува дека „Феро инвест“ прави дополнителен притисок на Основниот граѓански суд кој повторно треба да постапува по приватната тужба на Анѓушев кон новинари и второ се прави обид да се влијае на јавноста во полза на тужителот на штета на слободата на изразување.

    За потсетување ИРЛ за оваа сторија ја доби првата награда на тема „Справување со загадувањето на воздухот – зајакнување на јавната свест за проблемите и можните решенија“, во избор на Здружението на новинари на Македонија а во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Освен ова, Советот на честа при ЗНМ на 23 мај 2021 година ја одби претставката на Анѓушев за наводно прекршување на кодексот на етика на новинарите и констатира дека со оваа сторија биле обезбедени информации и докази достапни за авторите на истражувачката сторија со што не е прекршен член 1 а со објавување на демантот и со понудата да се сними изјава на Анѓушев, нема прекршување ни на член 3 од Кодексот на новинарите на Македонија.

    Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), за ова решение на Апелациониот суд Скопје ќе ја извести Европската федерација на новинари (ЕФН) каде што се членки и ќе укаже дека станува збор за притисок преку судот на слободното новинарство. Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) исто така за случајот ќе ја извести мрежата на независни совети за медиуми во Европа (AIPCE) каде што СЕММ е членка.

    29 мај 2023 година, Скопје

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Работилница за безбедност на новинарите и снимателите во соработка со МВР и ОЈО
    мај 29, 2023

    Следен

    ЗНМ: Презентирани предизвиците на новинарите пред институциите во Брисел
    јуни 1, 2023

    Можеби ќе Ве интересира

    Vesna Krsteva
    Почина Весна Крстева, новинарка во радио Канал 77
    26 септември, 2023
    Aleksandar
    Почина доајенот на македонското спортско новинарство Александар Стиков
    21 септември, 2023
    ZNM SSNM slika LOGOA za soopstenie 05.11.2021
    ССНМ и ЗНМ ја осудуваат серијата откази во Клип медиа груп
    15 септември, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?