Спорната пресуда на судијата Јованка Спировска Панева регистрирана на Платформата за мапирање на медиумски слободи

Едно од најновите соопштенија за случајот со ИРЛ, објавено на Платформата за мапирање на медиумски слободи (Mapping Media Freedom (MMF)) укажува на следното:
На 24 октомври 2023 година, судијката Јованка Спировска Панева, на повторното судење во Апелациониот суд во Скопје, донесе одлука против Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и главната уредничка Сашка Цветковска за случај на клевета и навреда.
Тужбата беше поднесена од страна на поранешниот вицепремиер и бизнисмен на земјата Кочо Анѓушев. Судијата ја прогласи за виновна непрофитната медиумска организација за нанесување штета на угледот и честа на Анѓушев и на неговите компании со објавување на истражувачки документарец наречен „Заговор против воздухот“, емитуван на 16 мај 2021 година.
Со донесувањето на пресудата, новинарите треба да ги платат сите правни трошоци. Истиот суд претходно пресуди во корист на ИРЛ и Цветковска, кога им беше наложено да платат симболична такса за обештетување затоа што наводно не му дале право на одговор на Анѓушев и им беше наложено да ја објават пресудата во весник на цела страница.
Здружението на новинари на Македонија, ЗНМ и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, ССНМ, случајот го окарактеризираа како тужба против јавното учество (Strategic Lawsuit against Public Participation – SLAPP)). Цветковска ја објави својата намера да оди до Европскиот суд за човекови права во Стразбур доколку не им помогне одењето до домашните судови.
Mapping Media Freedom (MMF) е платформа која ги документира прекршувањата на слободата на медиумите и новинарите на територија на цела Европа. Исто така обезбедува правна поддршка, јавно застапување и информации кои ќе помогнат при заштитата на новинарите и медиумските работници. Платформата е дел од European Centre for Press and Media Freedom (ECPMF) и дел од Media Freedom Rapid Response (MFRR), механизам со чија помош се следат прекршувањата на слободата на печатот и медиумите во земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати.
Повеќе информации за работата на оваа платформа може да се најдат на следниот линк https://www.mappingmediafreedom.org/methodology/
