• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Со препишувачко новинарство до штета на безбедносниот имиџ на државата

    Со препишувачко новинарство до штета на безбедносниот имиџ на државата

    • Категории Активности
    • Датум декември 9, 2020

    „Терористот од Виена тргнал да убива со звуци на албански рап“. Ова е еден од последните наслови кои осамнаа во медиумите по терористичкиот напад што се случи во главниот град на Австрија на 2 ноември, годинава.

    Содржината, објавена во македонски медиум, а се повикува на австрискиот неделник „Профил“ изобилува со детали за еден од терористите.

    Се наведуваат податоци за идентитетот на терористот, автоматското оружје кое го поседувал за време на нападот, изведувачот на песната што ја слушал за време на нападот, потеклото на неговото семејство и двојното државјанство кое што го поседувал.

    Текстот е само еден од низата објавени во Австрија, а потоа со, цитирани извори од тамошните медиуми, преведени ширум Европа и особено кај нас. Неколку пати се посочува дека терористот имал македонско потекло, дека е Албанец по националност и дека неговото семејство било од село од Северна Македонија. Не беа малку ниту новинарските текстови кои содржеа претпоставки дека во Северна Македонија постојат кампови каде што се регрутираат млади лица кои подоцна се ангажирани за терористички напади. Содржините од овој вид го наметнаа и прашањето – каква е безбедноста во државата.

    Оценки на експертите

    Советот за етика во медиумите на Македонија будно ги следи содржините објавени за овој настан. Претседателот на Комисијата за жалби при СЕММ, Мирче Адамчевски, вели дека најголем проблем на медиумите е тоа што немаат свои дописници во оваа земја. Грешките најчесто настануваат кога тие се одлучуваат да споделуваат информации од други медиуми, а се однесуваат на сензитивна тема како оваа.

    „Генерално, известувањето може да се оцени како коректно од страна на мнозинството медиуми, но имаше и такви кои даваа нагласка на етничката припадност на терористот, но и на настраданите.  На тој начин, нарушен е Кодексот, односно член 8. Имаше објавено и имиња и припадност на жртвите. Може да се зборува и за сензационализам во известувањето.

    За Австрија и Европа не сум баш сигурен како известуваа, но знам дека наши медиуми, бидејќи немаа дописници, некритички ги пренесуваа извештаите од нивните медиуми“, вели Адамчевски.

    На проблемот со ваквото известување реагира и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски. Тој голем проблем гледа во споменувањето на името на нашата држава во новинарските текстови и особено контекстот, бидејќи, како што вели, нападот на ниту еден начин не е поврзан со Северна Македонија.

    „ Сторителот има потекло по своите родители, но податоците се дека тој никогаш не бил во нашата држава, ниту, пак, одржувал контакти со роднините тука. Службите не можат да потврдат ниту контакти со безбедносно интересни лица за кои се претпоставува дека се на територијата на Северна Македонија. Известувањето на медиумите, пред сè, инсистирањето дека еден од сторителите е од Северна Македонија говори за недоволно проверени информации и стигматизација по етничка и национална основа, без притоа да се навлезе во суштината и да се потврди дека неговите врски со нашата држава се занемарливи во однос на подготовките и извршувањето на кривичното дело. Ова дополнително станува депласирано поради објавата и инсистирањето на тоа дека и една од жртвите е наш државјанин, како и фактот дека во полициските сили кои работеле на расчистување на последиците и фаќање на сторителот имало муслиман по потекло од Босна и Херцеговина (факт кој, исто така, не е поврзан со настанот, имајќи предвид дека и полицајката е родена, се школувала и вработила и живее во Австија, а не во Босна и Херцеговина)“, смета Дујовски.

    Професорот вели дека, во случаи на насилен екстремизам и тероризам, најдобро е да се воздржуваме од сензационализам, без разлика на потребата од брзо пренесување на веста. На граѓаните многу повеќе им значи квалитетна информација, произведена и потврдена од полицијата (бидејќи другите служби речиси никогаш не ги даваат привичните информации), отколку да се попречува работата на органите на редот и да се создава дополнителна паника кај населението. Само на тој начин и медиумите ќе помогнат во ограниченото влијание на терористите, чија основна цел е целиот свет да дознае за нивните активности брзо и со колку што е можно поголема „галама“.

    „Обележување“ на балканските земји во повеќе наврати

    Ваквиот наратив и детализирање за терористички напад не е исклучок. Професорот по безбедност и член на безбедносниот Совет на Владата во Србија, Дарко Трифуновиќ, појаснува дека за да ја разбереме која било безбедносна закана, мораме да разбереме што е тоа безбедност.

    „Безбедноста, како наука, има своја теорија во која е втемелен и посебниот метод кој помага да се разберат внатрешните и надворешните фактори на ризик, како и основата според која се прави безбедносна проценка. Покрај методот кој укажува на закана, особено од екстремизам и радикални исламисти, мора да се вклучат и анализи и одредени параметри. За да заклучиме дека на една територија нешто не е како што треба, треба да го анализираме следното:

    1. Дали на дадената територија делуваат и присуствуваат терористи?
    2. Дали на одредена територија делуваат и присуствуваат терористички организации?
    3. Дали на одредена територија делуваат и присуствуваат таканаречени држави или држави-спонзори на тероризмот?
    4. Дали на одредена територија делуваат и присуствуваат т.н. хуманитарни организации кои финансираат и поддржуваат логистика на терористите?
    5. Дали на одредена територија како мотив за изведување на нападот се употребува или злоупотребува религијата?“

    Тој вели дека ако се утврди дека на одредена територија постојат сите пет елементи тоа значи дека државата има т.н. „машина за правење терористи“ и дека државните институции мораат да делуваат со сите расположливи средства за да превенираат евентуални ризици.

    „За жал, најголем број од нашите „експерти“ немале лично искуство и исклучиво се занимаваат со препишување од други и цитираат други. Тоа искуство не е доволно за да се излезе на крај со овој голем проблем“, завршува Трифуновиќ.

    Автори на сторијата: Маја Маневска, Катерина Топалова Дејановска, Теута Бучи, Даниел Димитриески

    Oваа статија е изработена во рамки на проектот „Градење отпорност против насилниот тероризам и екстремизмот преку зајакнати капацитети на новинари, медиуми и владини претставници” (Building resilience against violent terrorism and extremism through reinforced journalists, media and government officials), финансиран од страна на Европската унија во рамки на програмата СТРИВЕ Глобал (Strengthening Resilience to Violent Extremism -STRIVE Global) преку Хедаја (Hedayah, International Centre of Excellence for Countering Violent Extremism)
    Содржината на статијата е одговорност единствено на авторите и ЗНМ, ИЕП и Институт Коница и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува ставовите и гледиштата на Европската Унија

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ: Осуда за поттикнувањето омраза на пратеникот Апасиев кон новинарката Димковиќ од А1он
    декември 9, 2020

    Следен

    Башким Селмани: потребно е внимателно набљудување на феноменот на радикализација
    декември 10, 2020

    Можеби ќе Ве интересира

    2
    ЗНМ и АВМУ разговараа за актуелните состојби на медиумскиот пазар и транспарентноста на сопственоста
    8 октомври, 2026
    169 (86)
    Повик за учество на еднодневна обука на тема: „Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции “
    7 октомври, 2026
    169 (85)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ДИГИТАЛНА БЕЗБЕДНОСТ
    5 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?