СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ОД СОВЕТОТ НА ЧЕСТА ПРИ ЗНМ

Согласно член 1, алинеи 4,5 и 6 од Правилникот за избор и работа на Советот на честа при ЗНМ, како и членовите 4 и 5 од истиот правилник, Советот на честа, јавно го објавува мислењето утврдено на редовна седница на Советот одржана на 02.11.2023 година во Клубот на новинарите. Советот на честа при ЗНМ, постапувајќи врз основа на член 1, алинеа 4 од Правилникот за работа на Советот, а врз основа на согледувања по поднесени претставки за овреда на Етичкиот совет го усвои следниот заклучок:
-СОВЕТОТ на честа во иднина ќе постапува по претставки на граѓаните, правни и физички лица за повреди на Етичкиот кодекс на новинарите на Македонија и во случаи, кога новинарскиот производ е објавен на социјалните мрежи, а не само на традиционалните медиуми: тв, радио, весник или интернет портали.