• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Собрание на ЗНМ: Стоп за насилството врз новинарите, најавени протести

    Собрание на ЗНМ: Стоп за насилството врз новинарите, најавени протести

    • Категории Активности
    • Датум октомври 5, 2020

    Здружението на новинарите на Македонија викендов во хотелот Александар Палас во Скопје одржа редовно неизборно собрание на кое беа дискутирани повеќе теми поврзани со работата на Здружението, како и проблемите со кои се соочуваат новинарите во последната година.  

    Собранието го отвори Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски кој во својот говор се осврна на работата на новинарите и медиумите во време на пандемијата со коронавирусот и ги презентираше превземените мерки од страна на Здружението и донаторите во насока на помагање на новинарите за безбедно вршење на нивните работни задачи. 

    Соочени со огромниот процент на неказнивост во случаите на напади врз новинарите Претседателот Чадиковски ја презентираше Декларацијата за престанок на неказнивоста на нападите и заканите кон новинарите и медиумските работници. Во декларацијата се повикуваат институциите, политичките партии како и деловните субјекти да ја почитуваат слободата на изразување на новинарите и медиумските слободи, согласно уставните, правните и меѓународните правни норми и стандарди. „Законите што ја регулираат медиумската сфера треба да бидат во согласност со потребите на новинарите, медиумите и граѓаните, а не со центрите на моќ“, се вели во неа. 

    ЧАДИКОВСКИ НАЈАВИ ПРОТЕСТИ

    Од Основното Јавно Обвинителство во Скопје беше побарано да ја врши својата работа одговорно и отчетно кога се во прашање случаите за напади врз новинарите, сторителите на кривични дела против новинарите и медиумските работници да бидат изведени пред лицето на правдата, додека за жртвите на ваквите криминални дејствија да биде обезбеден соодветен третман доколку е тоа потребно.  

    Дополнително извршната власт беше повикана да се вложи во креирање на безбедна средина за новинарите да  можат слободно и независно да ја вршат својата работа без да биде извршен било каков притисок за тоа што известуваат. 

    „Во случаите кога се напаѓани новинари, нема речиси ниту еден решен случај, а државата потфрли и во случајот со 27 април. Десетици колеги беа брутално атакувани, а институциите не само што не поведоа ниту една постапка, туку се дрзнаа преку државното правобранителство да се обидат да ја одбијат тужбата на нашите колеги. Ова е недозволиво, кога политичари се напаѓаат институциите реагираат промптно, а кога новинари се напаѓаат, функционерите се кријат во своите канцеларии, небаре сме некое општетствено зло. Остро реагираме на ова и дополнително, доколку продолжи игнорантскиот, или обидот да се отфрлат нашите аргументи за оваа тужба, но и за сите други напади, најавувам дека ќе организираме протестен марш против двојните аршини со кои се третираат новинарите“ изјави Чадиковски.

    РЕФОРМИ И ЗАСИЛЕНА СОРАБОТКА СО МРТВ

    Претседателот на ЗНМ најави дека преку засилена активност ќе се обиде да ги деблокира реформите во медиумите и ќе се инсистира на избирање на најквалитетни кадри за Програмскиот совет на МРТ и Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

    „Но, нема да чекаме ова да се случи само по себе, во меѓувреме ќе се обидеме преку засилена соработка и разговори со раководството на МРТВ да отвориме простор за дополнителна професионалација на јавниот сервис, отворање на вратите на јавниот сервис и искористување на ресурсите што постојат таму,“ вели претседателот на ЗНМ.

    Во крајот на својот говор Чадиковски го издвои креирањето на Регистарот на професионални онлајн медиуми (Promedia.mk) како една од најважните активностите кои беа реализирани во 2019 година.

    „Ова е процес кој мора да продолжи. „Следно на што работиме е создавање на новинарски кодекс за онлајн медиуми, што ќе биде паралелен процес на обновата на актуелниот Кодекс на новинарите на Македонија“, рече тој. 

    Извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски во своето излагање пред членовите ја презентираше Стратегијата за работа на ЗНМ за 2019-2022 година, а потоа ги претстави и со мнозинство гласови беа усвоени Наративниот извештај за работа на ЗНМ за 2019 година и Финансискиот извештај за работа за 2019 година.  

    Освен ова, на дневниот ред беа поставени и предлог измените и дополнувањата на правилниците и Статутот на ЗНМ. Во статутот беа усвоени неколку решенија кои го регулираат статусот на придружните членови и условите под кои тие може да се зачленат, а на барање на комисијата за членство беше продолжен и рокот по кој таа може да одлучува за примање на нови членови во Здружението. Ова решение предвидува зголемување на рокот од 3 на 7 дена со цел да се овозможи подетален преглед на комисијата на секој ново пријавен член. Беше усвоена и одлука која ќе се допрецизира во наредниот период, а предвидува исклучување на членови од Здружението поради флагрантно кршење на етичкиот кодекс.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Не за платената политичка програма од јавни пари
    октомври 5, 2020

    Следен

    Европската Комисија со потврда за активностите на Здружението на новинари (ЗНМ) и на Советот за етика во медиумите (СЕММ)
    октомври 8, 2020

    Можеби ќе Ве интересира

    naslovna (3)
    ЗНМ и МВР со протокол за безбедност на новинарите на интернет
    22 март, 2023
    slika incident stip
    Пријава до МВР за попречување во работа на снимател од М Нет ТВ во Штип
    17 март, 2023
    333431799_211449381490161_4674541961277658950_n
    Новинарите и обвинителите дискутираа за можните начини за заштита на слободата на изразување
    16 март, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?