Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Собранието да ги забрза реформите, a Владата да се воздржи од оценки за работата на МРТ

ZNM
Friday 10 May, 2019Friday 10 May, 2019/ Friday 10 May, 2019

Здружението на новинарите на Македонија реагира на заклучокот на Владата на Република Северна Македонија од 8-ми мај, со кој се дава оценка за работата на Македонската радио телевизија. Во заклучокот се вели дека Македонската радио телевизија не ги исполнила професионалните и етичките новинарски стандарди за обезбедување уредувачка независност, непристрасност и објективност во информирањето. Неспорно е дека МРТ во минатото беше критикувана во повеќе меѓународни извештаи дека пропуштила да известува професионално за настани од јавен интерес. За потсетување, во извештајот на Репортери без граници беше наведено дека реформата во МРТ е изоставена и дека јавниот сервис и понатаму служи на интересите на поранешната власт.

Укажуваме дека според членот 104 од ЗААМУ, Македонската радио телевизија како јавен радиодифузен сервис е независна од кој било државен орган, друго јавно правно лице или трговско друштво и треба во уредувачката и деловната политика да биде непристрасна кон нив.

Сепак, потенцираме дека Владата не е надлежна институција која треба да ја оценува работата на медиумите. Ја повикуваме Владата да не се впушта во оценки за професионалните стандарди на медиумите, бидејќи со тоа излегува од својата надлежност и ја презема работата на медиумските (само)регулаторни тела. Истовремено, го повикуваме Собранието на РСМ, итно да го продолжи процесот за избор на нов состав на Програмскиот совет на МРТ, како предуслов за реформа на јавниот сервис со што ќе се придонесе кон негова професионализација, кревање на стандардите, но и развивање на дописничката мрежа.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwitterlinkedin
Ознаки: