• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • СНИМАТЕЛИТЕ СО АПЕЛ: ДА СЕ УНАПРЕДАТ УСЛОВИТЕ ВО КОИ РАБОТИМЕ

    СНИМАТЕЛИТЕ СО АПЕЛ: ДА СЕ УНАПРЕДАТ УСЛОВИТЕ ВО КОИ РАБОТИМЕ

    • Категории Активности
    • Датум март 9, 2021

    Во насока на подобрување на условите за работа на снимателите, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) на 6 март организираше двочасовна онлајн работилница наменета за професионални сниматели и новинари. На работилницата, на која беа присутни 20тина учесници, се дискутираше за проблемите и предизвиците при покривањето на настаните во услови на криза, како што е пандемијата, за време на карантин, полициски час, како и во текот на предизборни кампањи.

    На почетокот на работилницата претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) Младен Чадиковски поздравувајќи ја оваа иницијатива, како и активноста на секцијата на сниматели при ЗНМ, нагласи дека и статусот на снимателите, како и новинарите е опфатен во заложбите и предлозите за измена на КЗ, во соработка со Министерството за правда, поконкретно во однос на третирањето на нападите кон новинарите и снимателите како напад кон службено лице.

    Во улога на панелист Роберт Коцев од ,,Ал Џезеира” истакна дека неретко постојат погрешни перцепции за професијата „снимател“. Им се додаваат дополнителни обврски, коишто не се дел од описот на работното место, нагласи тој. Спoред него, особено е важно да се има предвид и со каква опрема работат, како и дека за одредени настани им е потребен и посебен тип на опрема.

    Според Влатко Александров од ,,ТВ Телма” снимателите особено биле изложени на ризици за време на вонредните парламентарни избори, кога морале да следат настани, на коишто неретко не се почитувале мерките за заштита од коронавирусот (како на пример, при партиски прослави). Просторните услови во одредени институции не дозволувале држење на неопходната дистанца, со што снимателите директно биле изложени на ризик. Од особена важност во услови на пандемија, според него е да се води сметка како да се подобрат условите за работа на снимателите за време на претстојните локални избори кои што ќе се одржат идната есен.

    И според Зоран Догов од ,,ТВ Канал 5” за време на пандемијата ситуацијата била усложнета, забележувајќи дека во дел од институциите не се запазуваат мерките  во целост, со што директно е загрозена безбедноста на самите сниматели.

    Бењамин Хоџа од ,,TV21” истакна дека неретко во редакциите се штеди на опрема, во некои случаи таа е дотраена, несервисирана, па се појавуваат и проблеми при снимањето. Според него, понекогаш недостига свесност за оваа професија и во самите редакции, па оттука е потребно да се работи со раководството, како на градење капацитети за разбирање на професијата „снимател“, така и на овозможувањето подобри услови за работа.

    На извршувањето на оваа професија се гледа како и на тимска работка, со новинарите, уредниците, возачите итн и, според тоа, неопходна е добра координација и усогласеност.

    Дискутантите, меѓу другото, упатија апел да се изработат легитимации/пропусници за пристап до јавните институции. Од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) побараа да оствари состанок со ЈП паркинзи на општина Центар (ПОЦ) за да се обезбеди можност за паркирање блиску до локациите на настаните, за да не се губи време, што се одразува на навременото покривање на настаните.

    Трајче Илиевски од ,,МРТВ”, покрај апелот за олеснување на условите за паркинг како и забрзаниот процес за вакцинирање на снимателите поради ризиците на кои се изложени, нагласи дека главната цел кон која се стремат снимателите во иднина е оваапрофесија да се третира како авторска проефсија, односно професија од која што произлегуваат авторски дела.

    Присутните на настанот ја споменаа и потребата од регулирање на надоместот за работа за време на викенд, упатувајќи порака да се разгледа и можноста за бенефициран стаж за снимателската фела.

    Гостинот од Србија, снимателот од јавниот сервис, Горан Копривица укажа на тоа дека слични проблеми се забележани и во Србија и во регионот, но дека Северна Македонија е прва со ваква иницијатива, односно со формирање Секција на сниматели.

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) не застанува тука со иницијативите поврзани со оваа професија. Заедно со Секцијата на снимателите ќе биде активен партнер во процесот на зголемување и унапредување на условите за работа како на новинарите така и на снимателите, бидејќи тоа е во заеднички интерес во унапредувањето на условите за работа.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ОДГОВОР НА ПРЕТСТАВКА ОД СТРАНА НА ШАБАН САЛМАНИ
    март 9, 2021

    Следен

    Почина Горан Гаврилов, сопственик на радиото Канал 77
    март 11, 2021

    Можеби ќе Ве интересира

    IMG_20230131_141527
    Иницијатива за заштита на авторското право на професионалните фоторепортери
    1 февруари, 2023
    ZNM
    На иницијатива на ЗНМ, одржана втора средба во АВМУ на тема – зајакнување на дописничката мрежа на националните концесионери
    31 јануари, 2023
    znm ssnm press
    ЗНМ и ССНМ: Со скратен буџет МИА не може да функционира соодветно
    27 декември, 2022

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?