• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • Слободата на изразување и безбедноста на новинарите пред Судот во Стразбур – нова публикација од ЗНМ

    Слободата на изразување и безбедноста на новинарите пред Судот во Стразбур – нова публикација од ЗНМ

    • Категории Соопштенија
    • Датум декември 10, 2022

    По повод 10-ти декември, Светскиот ден на човекови права, во рамките на проектот Safejournalists  изработена е нова анализа со наслов „Слободата на изразување и безбедноста на новинарите пред Судот во Стразбур – Анализа на пресудите на Европскиот суд за човекови права во македонските предмети по членот 10 од Европската конвенција за човекови права“ чии автори се М-р Велимир Деловски и Д-р Костадин Богданов, рецензент Проф. д-р Беса Арифи, а уредник е Драган Секуловски.

    Авторите го анализираат и ставот на ЕСЧП во однос на заштитата, не само на содржината на информациите, туку и на средствата за пренесување на информациите, како и на правото на јавноста да прима информации и идеи од јавно значење.

    Во анализата посебен акцент е ставен на заштитата на правото на информирање преку преку заштита на новинарите и новинарската професија, како и преку заштита на правото на граѓаните да бидат соодветно информирани за важни теми. Сpоред праксата на ЕСЧП ова право не ги штити само новинарите, туку се однесаува и на  писателите, академските истражувачи, уметниците, колумнистите, блогерите и корисниците на социјалните мрежи, кои вијаат врз креирањето на јавното мислење.

    Кои предмети се разработени?

    1. Првиот е предметот со Селмани во 2017 и други против ПЈРМ (2017), кој е воедно и првиот предмет во кој Судот констатирал повреда на членот 10 на ЕСЧП во нашата држава
    2. Вториот предмет се однесува на пресудата на ЕСЧП во предметот Макрадули против ПЈРМ (2018), за кривично гонење за клевета на пратеник и потпретседател на политичка партија
    3. Третиот предмет е предметот Гелевски против Северна Македонија (2020), во која се признава придонесот на колумнистите како креатори на јавното мислење кон тековната политичка дебата по прашање од јавен интерес.
    4. Четвртиот предемет е предметот Костова и Апостолов, ЕСЧП наоѓа повреда на членот 10 во поглед на граѓанската постапка за клевета што се водела против апликантите, главната и одговорна уредничка на неделникот „Фокус“, Јадранка Костова, и Владо Апостолов, новинар во тој неделник

    Овие предмети се детално разгледани и објаснети во анализата од каде што може да се добијат не само генерални заклучоци за праксата на Судот, туку  и да се добие претстава за целиот процес на одвивање, на постапката и резултатите од истата.

    Заштитата што им ја дава членот 10 на новинарите во однос на информациите за прашањата од општ интерес подлежи на услов новинарите да постапуваат со добра волја и врз точна фактичка основа, односно да обезбедат информации во согласност со новинарската етика. Поимот на одговорнот новинарство е дефиниран преку начинот и средствата што се користени за да се добијат одредени информации за пласман на јавноста, како и покажаната почит кон личноста што е предмет на информацијата.

    Заклучоците и препораките се дека слободата на изразување може да биде постоечка и активна, само преку креирање амбиент, како законодавен, така и институционален, за фактичка примена на стразбуршките стандарди во македонскиот медиумски и правосуден контекст. Донесувањето на одлуките во врска со претходно споменатите предмети претставува добар пример за позитивна пракса на носење одлуки во корист на новинарите, односно во случаи кога се прекршени нивните права, тренд што треба да продолжи и во иднина.

    Линк до анализата – ЛИНК

    *Преводот на албански е во процес на реализација.

     *Оваа анализа е изработена со финансиска поддршка на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението на новинарите на Македонија и на авторите и не ги одразува нужно гледиштата на Европската Унија.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    SafeJournalists: Новинарите како бранители на човековите права се уште се под закана
    декември 10, 2022

    Следен

    Урим Хасипи е нов регионален координатор на тетовскиот регион
    декември 12, 2022

    Можеби ќе Ве интересира

    IMG_20230127_141258
    ЗНМ и МВР: преку подобра комуникација до поголема безбедност на медиумските работници
    28 јануари, 2023
    Untitled-design SJN napad
    SafeJournalists: Албанскиот новинар Елвис Хила и неговата сопруга физички нападнати
    27 јануари, 2023
    ZNM
    Чадиковски до Митрев: Слободното новинарство постои за граѓаните и за заштита на јавниот интерес
    25 јануари, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?