Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Секцијата на сниматели при ЗНМ на средба во МВР

ZNM
Thursday 8 August, 2019Thursday 8 August, 2019/ Thursday 8 August, 2019

Претставници на секцијата на сниматели при Здружението на новинарите на Македонија и Директорот на ЗНМ, Драган Секуловски вчера се сретнаа со портпаролот на МВР, Тони Ангеловски. На средбата се разговараше за подобрување и олеснување на условите за работа на снимателите при покривање на настани организирани од страна на Министерството за внатрешни работи. Беше најавено дека од страна на ЗНМ, изработен е нацрт прирачник за работата и безбедноста на снимателите каде МВР се очекува да даде свој придонес во насока на давање упатства при снимање на стратешки објекти и ВИП личности за кои потребна е посебна дозвола.

Директорот Секуловски најави дека Здружението на новинарите на Македонија, по примерот на европските земји, во иднина ќе работи на подготовка на протокол според кој ќе треба да постапуваат полициските службеници во случаи на напади врз новинарите и медиумските работници и за оваа активност се очекува вклученост и на МВР. Се очекува протоколот да биде готов на есен, а портпаролот Ангеловски се заложи дека и МВР ќе даде свој придонес во подготовката на протоколот.

Освен тоа, координаторот на Секцијата на сниматели при ЗНМ, Славе Стојановски заедно со колегата од МТВ Трајче Илиевски побараа поголема координација помеѓу МВР и останатите институции во однос на давањето на акредитации при покривање на јавни настани и прес-конференции со цел подобро и поефикасно нивно работење.

Ангеловски најави дека ќе се започне со креирање на нов медија центар во рамки на комплексот на МВР со што ќе се подобрат условите за работа на новинарите и снимателите во покривањето и известувањето за настани организирани од ова министерство.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Ознаки: