• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • ЕФН го осудува недоличното однесување на државните функционери кон новинарите во Северна Македонија

    ЕФН го осудува недоличното однесување на државните функционери кон новинарите во Северна Македонија

    • Категории Соопштенија
    • Датум февруари 8, 2023

    Во изминатите денови, државни функционери во Северна Македонија во неколку наврати вербално малтретираа новинари и медиуми. Европската федерација на новинари (ЕФН) се приклучи на својата партнерска организација во Северна Македонија – Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), во осудата на несоодветното однесување на јавните личности и потсетувањето на моралните обврски што ги носи јавната функција.

    Од 16 јануари, Премиерот, неколку министри и претседател на политичка партија употребија понижувачки јазик против неколку новинари кои си ја вршеа работата поставувајќи прашања, на истакнати јавни личности во Северна Македонија.

    Поточно на 16 јануари, Премиерот Ковачевски рече: „Верувам дека господинот Ахмети таа изјава ја дал врз основа на факти и за објаснување ќе треба да го прашате него. Бидејќи и за медиумите и јас имам мое лично мислење, јас можам да дадам мое лично мислење како некои медиуми се однесуваат. Што се однесува до мене можам да кажам дека во државата има медиуми чија што уредувачка политика личи на компанија која што тргува со енергенси, а има и медиум чија што уредувачка политика личи на партиски сектор за комуникација”. Изјавата на премиерот се однесуваше на изјавата на претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, кој јавно ги оквалификува ТВ Телма и ТВ Алфа како „непријателски“ медиуми.

    На 6 февруари, министерот за здравство Беким Сали одржа „лекција за новинарство“ на прес-конференција, која што за новинарите кои беа присутни во тетовската клиничка болница требаше да се сфати како „позитивна критика“.

    На 2 февруари, министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција коментираше дека новинар поставил прашање во име на други новинари, наместо да одговори на ова конкретно прашање поврзано со поскапувањето на природниот гас.

    Претходно, советник за образовна политика во Министерството за образование и наука понижи новинар за време на прес-конференција велејќи дека новинарот поставувал „тенденциозни прашања за да го извади министерот од контекст“.

    Според ЗНМ, овие примери веќе не се изолирани инциденти: „Изминативе денови ЗНМ предупредуваше на овој негативен тренд на зголемување на непрофесионалниот однос на јавните функционери кон новинарите. Потсетуваме дека државните функционери се во служба на јавноста и дека не треба да имаат несоодветен и навредлив однос кон новинарите и следствено на тоа, кон пошироката јавност до која треба да се пренесуваат информациите. Овде веќе не станува збор за изолирани инциденти“, изјави Драган Секуловски, извршен директор на ЗНМ.

    Генералниот секретар на ЕФН, Рикардо Гутиерез, додаде: „Јавното повикување на имиња и несоодветното однесување на јавните службеници кон новинарите станува се почеста појава. Со нашите локални партнери ја следиме состојбата на овој негативен тренд. Новинарите и медиумските работници треба да работат во средина каде што не се чувствуваат загрозени и каде што службениците ќе се однесуваат кон нив со почит и разбирање, како што налага работата. Службениците мора да ја оправдаат својата улога и да даваат пример кога комуницираат со новинарите, наместо да создаваат сомнеж или да ги дискредитираат“.

    Линк до соопштението на ЕФН – https://europeanjournalists.org/blog/2023/02/08/north-macedonia-efj-condemns-inappropriate-behaviour-of-state-officials-towards-journalists/

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Јавен конкурс за годишни награди на ЗНМ
    февруари 8, 2023

    Следен

    SafeJournalists: Државните функционери и политичари во Северна Македонија да престанат со непрофесионалното однесување кон новинарите
    февруари 9, 2023

    Можеби ќе Ве интересира

    sjn 20.03.2023
    SafeJournalists: Стоп за насилството врз новинарите и активистите во Босна и Херцеговина
    20 март, 2023
    SafeJournalists-17.3.2023
    SafeJournalists: Стоп за заплашувањето на новинарите во Косово
    17 март, 2023
    sliki za namaluvanje (3)
    Почина колешката Невенка Митревска
    17 март, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?