• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Светскиот ден на слободата на медиумите по четврти пат одбележан со крводарителска акција

    Светскиот ден на слободата на медиумите по четврти пат одбележан со крводарителска акција

    • Категории Активности
    • Датум април 29, 2026

    Крводарителска акција во Скопје, 29 април 2026 година (Фото: Маја Јаневска-Илиева)

    Со порака дека солидарноста е основа на новинарството како професија која се базира на заштита на јавниот интерес Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) заедно со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и во соработка со Црвениот крст го одбележа 3 мај, Светскиот ден на слобода на медиумите.

    Поголем број на новинари и медиумски работници, но и граѓани се одзваа на четвртата по ред крводарителска акција и донираа крв на повеќе локации и тоа во просториите на Дневен центар за дарување крв на Црвен крст на град Скопје (ДХО „Даре Џамбаз“), како и во Клиничките центри во Охрид, Струмица и Битола.

    Крводарителска акција во Скопје, 29 април 2026 година (Фото: Маја Јаневска-Илиева)

    Со оваа хумана акција ССНМ и ЗНМ се приклучија на глобалното одбележување на Светскиот ден на слободата на медиумите, како и на активностите на Меѓународната федерација на новинари кои продолжуваат следната недела со организација на одбележување на 100-годишнината од формирањето на оваа глобална новинарска организација.

    Тамара Грнчароска, членка на Извршниот одбор на ССНМ во своето обраќање рече дека новинарството се соочува со сериозни предизвици, и порача дека овој ден треба да нѐ потсетува дека „слободните медиуми се столб на демократијата, а хуманите луѓе меѓу кои и новинарите се столб на секое општество“.

    Крводарителска акција во Битола, 29 април 2026 година (Фото: Сашо Ристовски)

    „3 мај, Светскиот ден на слобода на медиуми не е одбележување само на едно од основните демократски права врз кои се гради секое слободно и праведно општество – слободата на јавната мисла, слободата на медиумите, туку е ден кога покажуваме дека новинарството е одговорна професија. Тоа е служба во интерес на граѓаните, за доброто на заедницата“, додаде Грнчароска.

    Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски во пресрет на извештајот за слобода на медиуми на Репортери без граници потсети на падот на Македонија од шест места во минатогодишното рангирање, додавајќи дека „ништо не е загарантирано и дека слободата на медиумите мора постојано да се брани и унапредува“, а солидарноста е еден од значајните делови на таа борба.

    Фото: ЗНМ
    Фото: ЗНМ

    „Новинарството е професија што има една посебна мисија – да го штити јавниот интерес и да биде совеста и гласот на заедницата. Денеска, со оваа крводарителска акција, испраќаме силна порака – дека сме тука едни за други, дека солидарноста не е само збор, туку вредност што ја живееме“, рече Чадиковски.

    Александра Ристовски од Црвениот крст на Град Скопје се заблагодари од името на нејзината организација за иницијативата.

    „Тоа што вие го правите е навистина многу важно за нашата работа, важни се ваквите иницијативи бидејќи вие всушност организирате еден начин на спасување живот и сте дел од хуманитарната мисија на Црвениот крст“, рече Ристовски.

    Крводарителска акција во Охрид, 29 април 2026 година (Фото: Соња Рилковска)
    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ССНМ и ЗНМ со крводарителска акција за 3 мај, Светскиот ден на слободата на медиумите
    април 29, 2026

    Следен

    Пад на Македонија на Индексот на Репортери без граници: сигнал за потреба од итни реформи
    април 30, 2026

    Можеби ќе Ве интересира

    169 (86)
    Повик за учество на еднодневна обука на тема: „Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции “
    7 октомври, 2026
    169 (85)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ДИГИТАЛНА БЕЗБЕДНОСТ
    5 октомври, 2026
    169 (83)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА Т-АЈМ ОБУКА ЗА ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ
    5 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?