Регионални активности и средби на секцијата на сниматели при ЗНМ во Кичевскиот регион

Претставници од ЗНМ како и на Секцијата на сниматели при ЗНМ денес во Кичево остварија средба и работен состанок со сниматели дописници од Кичевскиот регион во државата. Вкупно има пет сниматели кои извршуваат и покриваат секојдневни настани од овој дел на државата.
На средбата беше разговарано за многу теми кои ги засегаат колегите дописници, нивниот статус и условите во кои работат како и беа споделени искуства со кои се соочуваат секојдневно.
Од изјавите на колегите може да се заклучи дека секојдневен предизвик со кој се соочуваат е нивната безбедност. Во интерес на вршењето на своите секојдневни работни задачи колегите се соочуваат со секаков вид на закани од таканаречените ,,локални шерифи”, сопственици на локали и градежни форми кои вербално ги навредуваат при вршењето на своите работни задачи за актиелни теми кои се од јавен интерес во овој регион. Освен допсиниците на МРТВ, другите колеги работат со застарена опрема и техника (камери, стативи и сл.) или пак користат своја или изнајмена опрема, за која не добиваат никаков паричен надомест.
Секцијата на сниматели при ЗНМ продолжува со своите активности каде можат да се слушнат на едно место предизвиците и предлозите за унапредување на соработката и условите за работа како на снимателите така и на дописниците.