• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Регионална средба на ЗНМ со новинари и медиумски работници од Куманово 

    Регионална средба на ЗНМ со новинари и медиумски работници од Куманово 

    • Категории Активности
    • Датум ноември 3, 2022

    На иницијатива од колегите од регионалниот центар во Куманово со присуство на  20-тина новинари вчера се одржа средба со претставниците на ЗНМ. На средбата беше разговарано за повеќе теми кои ги засегаат колегите дописници, нивниот статус и условите во кои работат како и беа споделени искуства со кои се соочуваат секојдневно. 

    Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски во своето поздравно обраќање истакнa: ,,Од особена важност се ваквите средби на кои можеме лично да ги споделиме предизвиците кои сите не засегаат. ЗНМ и претходно. но и во иднина ќр продолжи да ги поддржува новинарите од регионалните центри, на сите можни начини кои ќе придонесат кон професионализација на нивната работа” истакна Чадиковски. 

    Присутните во дискусијата укажаа на тешката економската ситуација во која што се наоѓаат регионалните и локалните медиуми и побараа од ЗНМ да почнат разговори со надлежните институции за намалување на фиксни давачки кои што ги имаат на годишно ниво. За овие медиуми од исклучително значење е да имаат повластен третман, земајќи ја нивната кревка финансиска состојба, како и да имаат намалени давачки за концесија кон регулаторот, за фреквенција кон АЕК и давачките што се поврзани со ЗАМП.

    Освен ова, важно е да се размислува за системска поддршка на квалитетна медиумска содржина за што колегите од овој регион остануваат на располагање да ги споделат своите идеи во иднина. Регионалната соработка на пограничните општини е од исклучително значење за подобрување на соработката на медиумите од Кумановскиот крај заедно со медиумите од Косово Србија и Бугарија. 

    Координаторот на регионалниот центар во Куманово, Неџат Аќифи пред присутните колеги го истакна своето задоволство од посветеноста на ЗНМ како организација која се залага за унапредување на професионалноста на еснафот. Toj меѓу другото ги запозна присутните со проблемите со кои се соочуват новинарите и медиумските работници.

    Енергетската криза секако ги засега медиумите од северо-истокот па затоа се бараат начин за помагање и на медиумите во ваква состојба пред се околу надоместокот кон АВМУ и АЕК. ,,И покрај сите проблеми и отежнатата работа на медиумите, благодарение на активностите на ЗНМ  и неговиот регионален центар во Куманово, во последно време многу ме радува фактот што во овој центар се бележи задоволителен тренд на зголемување на интересот колегите да се зачленат во ЗНМ” рече пред присутните Аќифи. 

    На средбата во Куманово споделени беа и некои тековни проблеми како и проблемот со дописничката мрежа на МРТ, новинарите сеуште имаат месечни договори, иако МРТ вети дека тој проблем ќе биде решен. Во контекст на безбедноста на новинарите од овој регион беше споделено дека во овој момент не се забележани посериозни инциденти и нема тековни тужби од и кон новинари. 

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ИНФОРМАЦИЈА ЗА РЕДОВНО ИЗБОРНО СОБРАНИЕ НА ЗНМ
    ноември 3, 2022

    Следен

    <strong>Секцијата на фоторепортери при ЗНМ -  актуелни предизвици</strong>
    ноември 4, 2022

    Можеби ќе Ве интересира

    znm unesco
    Продолжен е рокот на повикот за пријавување за изработка на „Насоки за дефинирање на стратешките тужби против јавното учество (SLAPP) во локален контекст“, преку студија на случај и препораки за поголема правна сигурност на новинарите и медиумските работници во РСМ
    2 октомври, 2023
    384329181_301424832623475_6275885479243937636_n (1)
    ЗНМ: Дебата на новинари и претставници на МВР и ОЈО во врска со измените на Кривичниот закон
    27 септември, 2023
    slika za na sajt javen povik svedska znm undp
    ЈАВЕН ПОВИК за доставување понуди за изработка на програма за дводневна обука на новинари на тема „Справување со загадувањето на воздухот во РС Македонија“
    26 септември, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?