• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Регионална конференција со новинари, обвинители и судии од Западен Балкан

    Регионална конференција со новинари, обвинители и судии од Западен Балкан

    • Категории Активности
    • Датум декември 12, 2023

    „Заштита на слободата на печатот и зајакнување на судството во Западен Балкан“ беше темата на конференцијата која што се одржа минатата недела во Босна и Херцеговина. Покрај новинарите, претставници на обвинителства и судови , како претставници на граѓанските организации на Србија и Босна и Херцеговина, Македонија имаше свои претставници – новинари, како и обвинители и судии.

    За време на конференцијата се разговараше за тоа што е заедничко, а што различно за новинарството и судскиот систем, кои се нивните обврски, должности и одговорности во справување со проблемот на неказнивност, како да се идентификуваат и мобилизираат ресурсите за да се справиме со оваа појава.

    Извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски се обрати на почетокот на настанот на тема „Зошто правосудството и новинарите треба да разговараат“ односно, говореше за тоа што е специфично  релевантно, а би можело да се сподели на оваа тема од Македонија.

    „Тоа што може да го забележиме кога станува збор за закани, напади или притисок на новинари има одредена еволуција во делот на тактики и како тие се спроведуваат. Ако до  2013, 2014 година тоа беа физички напади за време на јавни протести, или директни закани во редакции, палење на автомобили и уништување на опрема, од денешна перспектива во 2023 година можам да кажам дека начинот на кој се спроведува тој притисок е „модерен“. Станува збор за законски притисок преку злоупотреба на тужби, за изигрување на закони во полза на тие што им одговара, меѓутоа злоупотреба и на онлајн платформи пред се преку FB, Twitter и останатите, каде што како Македонија, Србија , Босна и Херцеговина, меѓутоа и другите земји од Западен Балкан, навистина имаа одреден хендикеп и дискриминација. Тоа е така бидејќи земјите што се членки на ЕУ  имаат одредени билатерални договори на ниво на земја со овие провајдери на интернет за големи услуги, а од друга страна, за жал нашите земји се спречени и понекогаш тоа е изговор на обвинителството, на полицијата на судот да не се спроведе истрага и да не се донесе правда иако има експлицитни закани по животот на новинарите и членови на нивните блиски семејства. Во наш контекст физички напади има се помалку во последните години, но закани на социјалните мрежи има се повеќе и стапката на неказнивост е навистина висока во овој дел. Верувам дека во иднина се повеќе ќе се користат овој тип на закани и овој тип на регионални собири  можат да помогнат во оваа насока. Верувам дека ние како колектив треба да го земеме тоа предвид и не да делуваме самоиницијативно и национално, туку регионално “ – рече Секуловски.

    За време на сесијата чија тема беше притисоците со кои новинарите се соочуваат секојдневно, меѓусебната солидарност и како истата помага во работата на новинарите, зборуваше претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски кој кажа:

    „Солидарноста е клучна за новинарите бидејќи ја подобрува нивната способност да ги исполнуваат своите улоги како чувари на демократијата. Во таа насока би рекол дека од суштинско значење се неколку работи: слобода на говорот каде што новинарите играат витална улога во негово одржување преку солидарноста помага да се создаде средина каде што новинарите можат да работат без страв од цензура, заплашување или прогон. Новинарите се тие кои преку своите медиумски продукти ја информираат јавноста за значајни настани и општествено-политички случувања, бидејќи тие се гласот на народот и како такви треба да ја уживаат слободата на говор, но и слободата на информирање без страв за нивната безбедност. Меѓусебната соработка ни помага нас, како новинари да бидеме иновативни, да се прилагодиме на префернците на публиката обезбедувајќи континуирана релевантност.  Различни перспективи: Разновидниот и енергичен медиумски пејзаж е од суштинско значење за здрава демократија. Солидарноста меѓу новинарите промовира инклузивност и гарантира дека во медиумите се застапени различни перспективи. Гласот на новинарите е од суштинско значење за одржување на слободни и одговорни медиуми кои му служат на јавниот интерес, а солидарноста меѓу новинарите ја зајакнува нивната колективна сила и издржливост наспроти предизвиците“.

    На настанот беа присутни новинари кои пред се следат судство, но и новинари кои биле изложени на закани и притисоци при вршење на нивната работа, како и претствници на основното јавно обвинителство, МВР и Академијата за обука на судии и обвинители. Заклучоците беа во насока на продолжување на соработката на новинарите и правосудните органи во насока на зајакнување на безбедноста медиумските работници.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Почина колегата Симон Илиевски
    декември 12, 2023

    Следен

    ЗНМ оствари работна средба со претседателот на Собранието
    декември 15, 2023

    Можеби ќе Ве интересира

    2
    ЗНМ и АВМУ разговараа за актуелните состојби на медиумскиот пазар и транспарентноста на сопственоста
    8 октомври, 2026
    169 (86)
    Повик за учество на еднодневна обука на тема: „Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции “
    7 октомври, 2026
    169 (85)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ДИГИТАЛНА БЕЗБЕДНОСТ
    5 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?