• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • РАСКАЖЕТЕ ПРИКАЗНА НА ПОВЕЌЕ ПЛАТФОРМИ – Напредна работилница за новинари

    РАСКАЖЕТЕ ПРИКАЗНА НА ПОВЕЌЕ ПЛАТФОРМИ – Напредна работилница за новинари

    • Категории Активности
    • Датум март 12, 2021

    Дали го завршивте нашиот онлајн курс за мулти-платформско новинарство? Сакате да навлезете подлабоко во темата и да научите повеќе трикови од новинарскиот занает? Сакате да креирате новинарска содржина прилагодена за следење на мобилен телефон или да ја ангажирате публиката преку моќни, мулти-платформски новинарски стории со поддршка и менторство од експертите на Томсон Медиа?

    Придружете им се на Александар Мансиев и Ана Зафирова на бесплатната онлајн работилница на Томсон Медиа- Новинарство на повеќе платформи од 25 до 28 март. Оваа практична, онлајн работилница ќе ви овозможи да стекнете напредни вештини во мулти-платформско новинарство и да ги примените во пракса преку групна и индивидуална работа со поддршка на нашите обучувачи и ментори.

    До крајот на обуката, ќе можете да им дадете нов живот на вашите приказни на различни платформи и да ја вклучите вашата публика преку:

    • Стекнување вештини да го разберете медиумскиот пејзаж кој постојано се менува во сета своја комплексност 
    • Да научите како да ги анализирате и да реагирате на медиумски навики на публиката и да ги искористите податоците за носење одлуки базирани на информации
    • Да ги прилагодите вашите приказни за различни платформи -онлајн, мобилни уреди и печат со цел да постигнете максимално влијание и импакт
    • Да ги усовршите техниките за создавање новинарски стории за повеќе платформи
    • Да пишувате текст и сценарија соодветни за различните платформи
    • Да стекнете вештини за создавање приказни за следење на мобилен телефон
    • Да креирате избалансирана новинарска содржина.

    Дали имате премногу обврски неделава?

    Ние се грижиме за вас: иако онлајн работилницата е предвидено да трае четири дена , дизајнирана е да можете да следите групни и индивидуални сесии, што значи дека вие ќе можете да продолжите со вашиот професионален ангажман или лични обврски и да ја следите работилницата во меѓувреме.

    Четврток – сабота 25.03 – 27.03.2021 Секој ден учесниците имаат до 4 часа онлајн обука со паузи и задачи по завршување на секој ден (околу 3 часа задачи на ден). Учесниците ќе имаат можност, доколку има потреба, да изберат помеѓу два временски слота-утрински или попладневни сесии.

    Недела, 28.03.2021 Последниот ден е посветен на индивидуални сесии фокусирани на создавање мулти-платформски новинарски стории. Секој учесник ќе работи со обучувачите во просек од 30 – 45 минути, а остатокот од денот е предвиден за работа на финалните продукти. Нашите обучувачи ќе бидат достапни од 10 до 18 часот за индивидуални сесии.

    По завршување на онлајн-работилницата: Сите учесници ќе имаат можност за консултации со нашите експерти во периодот по завршување на онлајн-работилницата со цел да креираат квалитетни приказни кои се подготвени за објавување.

    За да го завршите нашиот четиричасовен курс по сопствена динамика кој е услов за аплицирање на напредната онлајн-работилница, посетете ја страницата  https://bit.ly/3jV82sF .

    За да аплицирате Ве молиме пополнете го онлајн формуларот.

    Ве молиме аплицирајте за онлајн-работилницата до понеделник, 21 март до 16 часот.

    За повеќе информации поврзани со онлајн работилницата за мулти-платформско новинарство Ве молиме контактирајте ја Маја Васиќ-Николиќ на емајл: majavn@thomsonfoundation.org.

    Курсот е организиран во рамките на проектот „Зајакнување на квалитетните вести и независното новинарство во Западен Балкан и Турција“ кој го спроведува БИРН Хаб во партнерство со: Томсон Медиа gGmbH (ТМ), Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ), Европската радиодифузна унија (ЕБУ), Централноевропскиот универзитет (Центар за медиуми, податоци и општество на ЦЕУ), Медиумската асоцијација на Југоисточна Европа  (МАСЕЕ), Центарот за истражувачко новинарство на Црна Гора (ЦИН ЦГ), Независниот синдикат на новинари и медиумски работници во Македонија (ССНМ), БИРН Албанија и БИРН Србија.


    Проектот е финансиран од ЕвропаАид / Европската комисија преку својата Регионална програма за обука и поддршка за подобрување на квалитетот и професионалноста во новинарството.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Почина Горан Гаврилов, сопственик на радиото Канал 77
    март 12, 2021

    Следен

    ЗНМ со конструктивни предлози за подобрување на Судскиот деловник
    март 18, 2021

    Можеби ќе Ве интересира

    slika incident stip
    Пријава до МВР за попречување во работа на снимател од М Нет ТВ во Штип
    17 март, 2023
    333431799_211449381490161_4674541961277658950_n
    Новинарите и обвинителите дискутираа за можните начини за заштита на слободата на изразување
    16 март, 2023
    336465147_1439906823212984_456609581257079014_n
    Иницијатива за соработка со Комората за приватно обезбедување на тема- поголема безбедност на медиумските работници
    14 март, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?