• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Размена на искуства на новинарите од Западен Балкан во време на изборни процеси

    Размена на искуства на новинарите од Западен Балкан во време на изборни процеси

    • Категории Активности
    • Датум април 5, 2024

    Членовите на Секцијата на млади новинари при ЗНМ заедно со претставниците на новинарските здруженија од Западен Балкан на четврти април одржаа работна средба чија цел беше да се овозможи форум за размена на искуства во контекст на безбедноста на новинарите и медиумските работници во изборен период. Со оглед на фактот дека Македонија е во предизборен период од особена важност е да се стави акцент на внимателноста и да се пресретнат потенцијалните ризици кои можат да се појават во текот на политичката кампања и односот на политичарите, активистите кон новинарите и медиумските работници.

    Овој настан претставуваше и прилика за вмрежување на млади новинари и медиумски работници од земјите на Западен Балкан, кои ги споделија предизвиците со кои се соочуваат како и најдобрите практики во заштита и промоција на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите.

    Тројца новинари од македонски медиуми ја отворија темата. Давид Илиевски, истражувачки новинар од ИРЛ зборуваше за предизвиците со кои се соочуваат новинарите при известување,  пред и за време на избори конкретно за теми со висок јавен интерес кои се надвор од дневната агенда на политичарите за време на кампања, но имаат директно влијание врз изборниот процес.

    „При финализирање на една од сториите на која работевме, требаше да се донесе одлука дали ќе ја објавиме пред изборите или ќе почекаме да завршат. Зошто го кажувам ова во контекст на безбедноста на новинарите..Бидејќи мислам дека прашањата со кои се соочуваме е дали ќе бидеме искористени како муниција во изборна кампања на политичарите што може да биде пречка во однос на новинарскиот интегритет и репутацијата“ – рече Илиевски

    Тамара Дичовска, новинарка од ТВ Сител дискутираше за потенцијалните ризици кои можат да се појават во текот на политичката кампања и односот на политичарите, кон новинарите.

    „Како политичарите се однесуваат кон новинарите или како се однесуваат кон спротивната страна. Медиумите треба еднакво да ги претставуваат сите кандидати. Како треба тоа да биде направено? Голем дел од медиумите си имаат фаворити, односно не даваат простор на сите кандидати еднакво. Само за пример – имаше политичка дебата на една од телевизиите и го поканија тој кандидат, дискутираа еден час за одредено недоразбирање кое го имале неколку години пред тоа, односно на кандидатот/ката не и бил/а оставен простор да ја презентира програмата, поточно што би направил/а ако била претседател/ка. Според мене тоа не е воопшто етично, но тоа бил изборот на новинарот тогаш“ -кажа Дичовска.

    Адриан Керими, новинар во ТВ Алсат зборуваше за предлози во насока на подобрување на безбедноста на новинарите во следење на изборниот процес.

    „Мора да ја филтрираме заедницата која што ја имаме како новинари. Само за пример, за овие избори 250 портали добија јавни фондови од Државната изборна комисија. За околу 200 од нив не знаеме ништо, немаат импресум, ја немаат одговорноста за покривање настани, ги нема главните уредници и новинари, копираат и споделуваат вести од телевизиите. Така што најпрво мора да се филтрира заедницата, јавноста мора да знае кој е новинар, а кој не е новинар“ – рече Керими.

    Од балканските здруженија на новинари, членки на мрежата Safe Journalists се обратија Моника Кутри, истражувач во Здружението на новинари на Хрватска, Тамара Филиповиќ – генерален секретар на Независно здружение на новинари на Србија, Гетоарбе Мулиќи – извршен директор на Здружението на новинари на Косово, Бранкица Смилјаниќ – офицер за комуникации во Здружение на новинари на Босна и Херцеговина и Дражен Ѓурашковиќ – програмски координатор во Синдикат на новинари медиумски работници на Црна Гора.

    Секој од нив го сподели искуството на новинарите и медиумите за време на изборните процеси во земјите од Западен Балкан, а потоа следеше долга дискусија на темата каде беа разменети искуства и препораки помеѓу колегите на темата.

    Сите беа согласни во констатацијата дека е вистински предизвик да се известува за време на изборна кампања, посебно во земји како нашите каде што новинарите се напаѓаат, посебно кога истражуваат на сензитивна тема која вклучува нелегални активности. Нагласено беше дека за секој напад, потребно е да се пријави до надлежните институции, за потоа да може да се процесира до крај.

    Настанот е реализиран во рамките на проектот „Заштита на слободата на изразување и независноста на медиумите како столбови на демократијата во Република Северна Македонија“ финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата на учесниците нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ: Осуда за нападот кон новинарската екипа на ТВ24 на првиот ден од политичката кампања 
    април 5, 2024

    Следен

    Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а Министерството за внатрешни работи да ја информира јавноста за причините за неговото приведување
    април 7, 2024

    Можеби ќе Ве интересира

    2
    ЗНМ и АВМУ разговараа за актуелните состојби на медиумскиот пазар и транспарентноста на сопственоста
    8 октомври, 2026
    169 (86)
    Повик за учество на еднодневна обука на тема: „Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции “
    7 октомври, 2026
    169 (85)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ДИГИТАЛНА БЕЗБЕДНОСТ
    5 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?