• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Промовирана компаративна анализа и препораки во борбата против SLAPP тужбите

    Промовирана компаративна анализа и препораки во борбата против SLAPP тужбите

    • Категории Активности
    • Датум ноември 20, 2025

    Во рамките на Деновите на медиумска писменост, денес во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) се одржа настан посветен на зајакнување на отпорноста на медиумската заедница кон правните притисоци врз новинарите, со фокус на стратешките тужби против учество на јавноста (SLAPP).

    Централен дел од настанот беше презентацијата на Компаративната анализа за справувањето со SLAPP  во земјите од ЕУ и регионот на Западен Балкан во споредба со Република Северна Македонија, изработена од Жарко Алексов и Жарко Хаџи-Зафиров. Анализата укажува на сериозни празнини во националната регулатива и судската практика – од отсуство на јасни процесни механизми за рано отфрлање на злоупотребни тужби, до недоволна заштита на новинарите од финансиски и психолошки притисок. Авторите препорачаа сет законски и институционални мерки кои би овозможиле побрза реакција на судовите и подобра превенција на SLAPP случаите.

    Настанот „Градење на отпорност: Т-ајм Академија за новинари – како да се справиме со SLAPP тужбите“ го отвори претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, кој порача дека борбата против SLAPP е клучен дел од напорите за унапредување на безбедноста и независноста на новинарите. Во воведниот дел, претставничката на Министерството за правда Леона Кичеец се осврна на важноста на темата SLAPP и ја нагласи подготвеноста на Министерството за дијалог со медиумската заедница и стручната јавност околу идните реформи.

    За состојбите и трендовите поврзани со SLAPP тужбите зборуваше и Драган Секуловски, извршен директор на ЗНМ, кој истакна дека бројот на случаи со елементи на SLAPP е во пораст, а притисоците често доаѓаат од моќни политички и економски центри. Тој нагласи дека компаративната анализа треба да биде практична мапа за реформи – од усогласување со европските стандарди и новата Директива за SLAPP, до измена на националните закони, унапредување на судската пракса и воспоставување механизми за правна и психолошка поддршка на новинарите. Секуловски потенцираше дека без системски пристап и координација меѓу институциите, медиумските организации и меѓународните партнери, SLAPP ќе продолжи да ја поткопува слободата на изразување.

    Генералниот секретар на Европската федерација на новинари (ЕФЈ), Рикардо Гутиерес, зборуваше за европските трендови и мерките што ги преземаат институциите на ЕУ, нагласувајќи дека солидарноста и координираниот пристап на новинарските организации се клучни. Тој посочи дека активностите на Тренинг Академијата за новинари при ЗНМ значајно придонесуваат за јакнење на капацитетите на новинарите и медиумските работници за справување со SLAPP.

    Заклучокот од настанот беше дека намалувањето и спречувањето на SLAPP тужбите бара постојана меѓуинституционална соработка, суштински законски подобрувања и практични механизми за поддршка на новинарите кои се предмет на правни притисоци. Медиумската заедница, заедно со граѓанските и државните институции, мора да работи на градење поотпорно општество во кое критичката мисла е заштитена, а медиумите можат слободно да ја вршат својата демократска улога.

    ЗНМ останува посветено на поддршката на новинарите и на промовирањето политики кои ја гарантираат слободата на изразување и безбедна медиумска средина за сите медиумски работници.

    Оваа публикација е изработена во рамките на проектот ,,Тренинг – Академија на новинари и медиумски работници, Т-AJM” финансиран од Европската Унија (ЕУ) и имплементиран од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), во партнерство со Иницијативата за европска перспектива (ИЕП) и Европската федерација на новинари (ЕФН).

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Заедничка посветеност за заштита на новинарите како предуслов за поголема безбедност на медиумските работници
    ноември 20, 2025

    Следен

    ЗНМ: Остра осуда за нападот врз редакцијата на „Инфомакс“
    декември 11, 2025

    Можеби ќе Ве интересира

    16_9 (7)
    ЗНМ: Времето не смее да ја замени правдата за нападите врз новинарите
    2 ноември, 2026
    shared image (53)
    Претставници на Здружението на новинари на Турција од Анкара во посета на ЗНМ
    30 октомври, 2026
    16_9 (5)
    Тренинг – академија за новинари и медиумски работници – од иницијатива до реализација 
    29 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?