• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Продолжува процесот на градење на капацитетите на медиумските работници од МРТ

    Продолжува процесот на градење на капацитетите на медиумските работници од МРТ

    • Категории Активности
    • Датум октомври 28, 2023

    Изминативе три дена група од над 20тина новинари и сниматели од програмските сервиси на МТВ, и од Македонското радио учествуваа на тридневна обука во Охрид за кревање на стандардите во известувањето и работењето, како и во битката против дезинформациите.

    Практични примери и корисни совети во насока на градење на капацитетите на новинарите и медиумските работници од јавниот сервис споделија обучувачите Ана Зафирова и Сефер Тахири, а на обуката учество имаше и претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски.

    Свои впечатоци од обуката сподели новинарката Соња Рилковска која истакна: ,, Oвие работилници, обуки, тренинзи кои ЗНМ од минатата година ги организира за вработените во Мрт се од исклучително значење за унапредување на нашите знаења и вештини во создавање на поквалитетни и реативни медиумски содржини на јавниот сервис. Со овие предавања ние како новинари се доближуваме до новите трендови на новинарско известување.”

    На обуката беа обработени актуелни теми од областа на новинарскиот живот, раскажување приказни, креирање „сториборд“ и параграф преку секвенци, како да се креираат подкасти, беше обработена и темата за подготовка и развивање на истражувачка сторија, но се разговараше и за начинот за справување со дезинформации. Воедно беа опфатени и специфични теми кои се однесуваат поконкретно на работата на редакциите во рамките на МРТВ.

    Во контекст на потребата од обука и релевантноста на темите кои беа опфатени од страна на предавачите, изминативе три дена новинарката Фиторе Демоли потенцираше дека: ,,Од оваа обука научив многу работи за новинарството, почувајќи од пристапот што треба да да се даде во еден прилог, од ефектот што треба да го има прилогот во јавноста, кои се критериумите што се бараат во содржината на една информација за да биде комплетирана. Ми беше чест што бев дел од оваа обука и сметам ека вакви настани треба да има повеќе, бидејќи сите учесници колеги новинари и медиумски работници имаат бенефит.”

    Учесниците на обуката новинари, сниматели и уредници со своето активно и креативно учество дадоа дополнителен импулс на целиот настан и заедно се согласија дека ваков формат на настани се од исклучително значење за јакнење на новинарскиот дух и самостојноста на редакциите и дека и во наредниот период  тие ќе продолжат.

    Со ваков тип на настани и поддршката на ЗНМ, јавниот сервис во иднина ќе обезбеди континуитет во процесот на кревање на новинарските и уредувачките стандарди и политики. Проектот за медиумска писменост „Младите размислуваат”, во чии рамки се одржа овој настан, е петгодишен проект финансиран од УСАИД и имплементиран од ИРЕКС, и оваа обука е дел од активностите кои произлегуваат од потпишаниот меморандум за соработка помеѓу ЗНМ и МРТВ.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Средба со новинарите од Охридско-струшкиот регионален центар при ЗНМ
    октомври 28, 2023

    Следен

    Регионален центар ЗНМ од Битола: Конструктивни согледувања и идни насоки
    октомври 29, 2023

    Можеби ќе Ве интересира

    2
    ЗНМ и АВМУ разговараа за актуелните состојби на медиумскиот пазар и транспарентноста на сопственоста
    8 октомври, 2026
    169 (86)
    Повик за учество на еднодневна обука на тема: „Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции “
    7 октомври, 2026
    169 (85)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ДИГИТАЛНА БЕЗБЕДНОСТ
    5 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?