Продолжува попустот од 50% за месечните билети за јавен транспорт за членовите на ЗНМ

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП-Скопје) проследи информација до ЗНМ која се однесува на претходно склучениот договор за бенефиции на членовите на ЗНМ во врска со јавниот транспорт во 2024 година. Укажуваме дека купувањето на билетите за тековниот месец ќе се врши единствено во просториите на дирекцијата на ЈСП Скопје во Автокоманда (бул. „Александар Македонски“ бр.10) и тоа во периодот од 25-ти во тековниот до 5-ти наредниот месец, од 8 до 15 часот.
Потсетуваме дека месечен новинарски билет за користење на јавен превоз со повластена цена може да купи секој активен член на ЗНМ.
Условот за купување ваков билет е подмирена членарина во здружението за месецот за кој се однесува месечниот билет.
Месечниот билет е поевтин за 50 отсто од редовната цена, односно чини 700 ден (за градски линии)/800 ден за сите линии (градски и приградски линии). Овој тип на билет не важи во ноќна тарифа.
Лицата кои првпат купуваат новинарски билет, потребно е во дирекцијата на ЈСП да однесат 1 фотографија, да приложат лична карта, членска книшка од ЗНМ со заверено активно членство, еднократно да платат 200 денари за персонализираната „Скопска карта“ и 700 денари за билетот.
