• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ПРОДОЛЖЕН Е ПОВИКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ИЗРАБОТКА НА МЕТА ДАТА ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБИТЕ ПОВРЗАНИ СО ПРАВАТА НА НОВИНАРИТЕ, СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ И НЕЗАВИСНОСТА НА МЕДИУМИТЕ

    ПРОДОЛЖЕН Е ПОВИКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ИЗРАБОТКА НА МЕТА ДАТА ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБИТЕ ПОВРЗАНИ СО ПРАВАТА НА НОВИНАРИТЕ, СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ И НЕЗАВИСНОСТА НА МЕДИУМИТЕ

    • Категории Активности
    • Датум август 26, 2023

    Продолжен е повикот за пријавување за изработка на мета дата извештај за состојбите поврзани со правата на новинарите, слободата на изразување и независноста на медиумите

    Крајниот рок за доставување на апликации е 03.09.2023 (недела) до 24 часот, ЦЕВ.

    Референтен број: IPA/2022/440-473-AJM – 006 

    Наслов на проектот: „Заштита на слободата на изразување и независноста на медиумите како столбови на демократијата во Република Северна Македонија“ (Safeguarding the freedom of expression and independence of media as pillars of democracy in the Republic of North Macedonia)

    Лот: 5.2.1 – Публикации – Мета дата извештај (Meta data report (A1.1.3))

    Потреби и цели

    Во рамките на проектот „Заштита на слободата на изразување и независноста на медиумите како столбови на демократијата во Република Северна Македонија“ (Safeguarding the freedom of expression and independence of media as pillars of democracy in the Republic of North Macedonia), финансиран од Европската Унија, а во реализација на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), предвидена е изработка на мета дата извештај за тековните состојби поврзани со правата на новинарите, слободата на изразување и независноста на медиумите, со цел да се обезбеди посеопфатна слика за тоа каде сме, но и каде сакаме да бидеме. кога станува збор за правата на новинарите, слободата на изразување и независноста на медиумите во земјата.

    Контекст

    Како што е наведено во повеќе релевантни меѓународни (EU, US Department of State, RsF, Amnesty International) и национални (2022 National report, 2022 Journalists’ Safety Index) извештаи, состојбата со новинарството во Северна Македонија, и покрај одредени подобрувања на општата климата за независноста на медиумите, останува кревка. Поларизација, недостаток на плурализам, лошите работни услови и неодржливоста на медиумски компании го карактеризираат општиот медиумски пејзаж во земјата. Дополнително, според наодите од анкетата на членството на ЗНМ, спроведена за потребите за изработка на новиот Стратешки план на здружението за периодот 2023-2026 година, како и од прелиминарните заклучоци од мисијата за утврдување на факти, поврзани со слободата на печатот, спроведена во јуни (5-7 јуни) 2023 година во Скопје, како најгорливи предизвици  и потреби што бараат дополнителна анализа на состојбите се наметнаа:

    • Предизвиците со прекршување на авторските права на новинарите и медиумските работници, вклучително и правната рамка, механизмите за спроведување, новите трендови и технолошките достигнувања кои влијаат на заштитата на авторските права во медиумската индустрија во РСМ.
    • Потребата од формирање на  фонд за медиумски плурализам за да се обезбеди објективно и правично распределбата на поддршката, поддржувајќи квалитетни содржини, различност на уредничките позиции и условите за работа на новинарите
    • Предизвиците со нарушување на медиумскиот пазар со платени политички кампањи за време на изборниот процес (Изборен закон), концепт кој дозволува политичките партии и останатите политички субјекти со јавни пари да плаќаат партиско-политички пораки и содржини во традиционалните и дигиталните медиуми.

    За таа цел ЗНМ има потреба да ангажира тројца експерти како надворешни соработници со задача да го подготват овој извештај.

    Повеќе информации за техничките услови видете тука. 

    Информации за повикот

    Постапка: Отворен повик

    Тип на договор: Договор за набавка на услуги

    Потребни документи

    • Биографија
    • Изјава (Анекс 2),
    • Финансиска понуда (Анекс 3)
    • Доказ за резидентност согласно домашната легислатива (копија од пасош)

    Начин и рок на аплицирање

    Заинтересираните треба да ја достават својата апликација (биографија, доказ за резидентност, и пополнети Анекс 2 и Анекс 3) преку електронска пошта на следниве адреси contact@znm.org.mk и bnasteska@znm.org.mk со назнака „Апликација по повик IPA/2022/440-473-AJM – 006“.  Крајниот рок за доставување на апликации е 03.09.2023 (недела) до 24 часот, ЦЕВ.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ: Новинари и сниматели спречени да ја работат својата работа во Брвеница, осуда за инцидентот
    август 26, 2023

    Следен

    Да се расчисти инцидентот во Град Скопје со новинарот Арсов од ТВ Сител
    септември 1, 2023

    Можеби ќе Ве интересира

    slika za na sajt javen povik svedska znm undp
    ЈАВЕН ПОВИК за доставување понуди за изработка на програма за дводневна обука на новинари на тема „Справување со загадувањето на воздухот во РС Македонија“
    26 септември, 2023
    slika za na sajt javen povik svedska znm undp
    Јавен повик за доставување на објавен новинарски текст/видео сторија на тема ,,Справување со загадувањето на воздухот во РС Македонија”
    26 септември, 2023
    381042531_244023364849313_5860258877227029406_n
    ЗНМ со свој претставник на конференцијата во Шведска насловена ,,Одбрана на вистината – откривање на сознанија од истражувачко новинарство”
    21 септември, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?