Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Претставници на ЗНМ се сретнаа со Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев

ZNM
Tuesday 26 March, 2019Tuesday 26 March, 2019/ Tuesday 26 March, 2019

Претставници на Здружението на новинарите на Македонија денеска се сретнаа со Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев. На средбата се разговараше за идна соработка преку која би се организирале заеднички активности со цел подобра комуникација меѓу новинарите, судиите и јавните обвинители.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски и го честиташе изборот на Проф. Д-р Наташа Габер Дамјановска и порача дека како и досега и во иднина треба да соработуваат со цел да се постигнат квалитетни системски решенија кои ќе ги решаваат проблемите со кои се соочуваат новинарите при нивното работење.

ЗНМ и Академијата институционално соработуваат веќе неколку години и заедно имаат организирано повеќе настани и работилници, а се очекува соработката да продолжи и понатаму со ист интензитет.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwitterlinkedin
Ознаки: