Претставници на ЗНМ на конференција за медиумска писменост во Црна Гора

На конференцијата за медиумска писменост – Европска унија – Западен Балкан која се одржа во Подгорица, каде што која учествува голем број на новинари, медиумски работници и медиумски организации од земјава и регионот на Западен Балкан, Здружението на новинари на Македонија имаше и свои претставници.
Конференцијата ја отворија шефицата на делегацијата на ЕУ во Црна Гора, Оана Кристина Попа и министерката за култура и медиуми на Црна Гора, Тамара Вујовиќ.
,,Видовме дека Западен Балкан станува ранлив на дезинформации. Борбата против дезинформациите е сложен процес кој бара вклученост на целата заедница“, рече шефицата на Делегацијата на ЕУ во Црна Гора.

Целодневниот настан беше поделен во неколку панел дискусии, на кои учесниците говореа на тема дезинформации и манипулации во медиумите, како и прашања кои ја актуелизираат сопственоста во медиумите и на кој начин влијае на нивниот кредибилитет. Се отворија и прашањата за влијанието на вештачката интелигенција врз информацискиот интегритет и неопходноста од медиумска писменост.
Фото: ЗНМ
