ПРЕДИЗВИЦИ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ НОВИНАРИТЕ ВО ОБИД ДА ЈА ИНФОРМИРААТ ЈАВНОСТА

Минатата недела започна проектот на ЗНМ и ОБСЕ „Промовирање на заштита на новинарите и на етички и професионални стандарди во медиумите“ кој има за цел да придонесе кон зголемување на безбедноста на новинарите онлајн и офлајн, да се намали бројот на заканите и нападите кон новинарите и медиумските работници во земјава. Исто така, целта е да се зголеми јавната свест кај пошироката јавност за штетните ефекти од вербалните напади како што е говорот на омраза и секако да се крене свеста за физичките напади.
Второто видео со наслов „Предизвици со кои се соочуваат новинарите во обид да ја информираат јавноста“ на сликовит начин ја прикажува состојбата во која се наоѓаме. Во ера на зголемена дигитализација и брз проток на информации, новинарите и медиумските работници се соочени со голем предизвик – вистинската вест да исплива на површина во морето од шпекулации и лажни вести. На тој начин, новинарите и медиумските работници создаваат услови за подобро општество, владеење на правото и посветла иднина. Затоа, јавните институции и сите ние треба да ја поддржиме нивната работа.
Кампањата е реализирана со финансиска поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.