• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Прва работилница на секцијата на спортски новинари при ЗНМ во Охрид

    Прва работилница на секцијата на спортски новинари при ЗНМ во Охрид

    • Категории Активности
    • Датум септември 17, 2022

    Изминатиот викенд во Охрид се одржа едукативна средба помеѓу спортските новинари од повеќе спортски медиуми во земјава. Иницијатор за оваа средба беше Секцијата на спортски новинари при ЗНМ, која во рамките на своите активности за оваа година планира уште неколку средби помеѓу претставници од спортките федерации во државата.

    Основната цел за ваквите средби помеѓу новинарите е преку детектирање на проблемите во спортското новинарство, со активно учество преку понудување на аргументирани решенија да се обидат да ги направат позитивните промени во еснафот. На средбата во Охрид, поздравни обраќања пред пристутните имаа претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски и координаторот на секцијата на спортски новинари при ЗНМ, Перо Момировски.

    Во своето обраќање претседателот Чадиковски ги поздрави колегите спортски новинари и потенцираше дека ,,проблемите и предизвиците со кои се соочуваат новинарите во Македонија се слични, без разлика дали станува збор за спортски новинари или за новинари што покриваат други теми. Работата на оваа секција придонесува да се дектираат и да се бараат начини за надминување на професионалните предизвици со кои се соочуваат луѓето од овој сектор, кои важат за силни професионалци. Потребно е да продолжи солидарниот пристап и заедништвото во работата на новинарите како предуслов за раст на оваа Секција во домашни и меѓународни рамки“

    Координаторот на секцијата на спортски новинари Перо Момировски го сподели своето задоволство од одзивот за оваа средба од која членовите на секцијата може да има само бенефит. ,,Ова е местото каде ние спортските новинари во државата можеме да ги споделиме нашите проблеми, аргументи и размислувања како да се унапреди заедничката соработка, но и да понудиме решенија како да се надминат лошите услови во фелата” – рече Момировски.

    Во работниот дел на работилницата свои излагања имаа Милорад Стојмановски кој говореше за предизвиците и новите трендови во спортското новинарство. Тамара Грнчароска од ССНМ своето излагање го фокусираше на заедничко делување за заштита на работничките права на спортските новинари, додека пак во последниот дел од сесиите Владко Арсов се претстави преку интерактивна симулација и детектирање на предизвиците во спортското новинарство. Една од поважните теми за која се разговараше на работилницата беше и безбедноста во новинарството која се уште е предизвик во секоја област од новинарството.

    Активностите на Секцијата на спортските новинари при ЗНМ не застануваат тука, следат средби со останатите колегите низ земјата за да се слушнат на едно место и нивните предизвици и предлози за подобрување на соработката и унапредување на условите за работа.

    Во рамките на настанот беа поканети и претставници од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) каде имаа презентација за работничките права.

    Настанот е организиран во рамките на регионалниот проект Синдикатите за фер закрепнување” (Trade Unions for a Fair Recovery, 01.01.2022-30.04.2023), финансиран од страна на Европската унија преку Европската конфедерација на синдикати и Европската федерација на новинари, со Договор за грант број VS/2021/0214

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Професијата снимател – ретроспектива низ фотографии
    септември 17, 2022

    Следен

    SafeJournalists: Надлежните органи да ги санкционираат одговорните за заканите кон новинари во Србија
    септември 21, 2022

    Можеби ќе Ве интересира

    znm ssnm press
    ЗНМ и ССНМ: Со скратен буџет МИА не може да функционира соодветно
    27 декември, 2022
    321074802_459347589534712_4882222283147715049_n
    Избран претседател на Советот на чест при ЗНМ
    23 декември, 2022
    ZNM AVMU
    ЗНМ со барања од АВМУ за олеснување на работата на локалните медиуми и зајакнување на дописничката мрежа
    22 декември, 2022

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?