• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

    Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

    • Категории Соопштенија
    • Датум септември 4, 2024

    Симболот на неказнивност на нападите кон новинарите, на слободата на говорот и правото на информирање на граѓаните, денот кој во јавноста е познат како „црниот четврток“, 27-ми април 2017 година конечно после седум години добива делумна правда за новинарите. 

    Во еден од случаите за слободата на медиумите и правата на новинарите, Основниот  граѓански суд – Скопје донесе пресуда во корист на новинарката Душица Мрѓа, која беше нападната за време на своето извршување на работните обврски на 27-ми април 2017 година во Собранието во Скопје. Оваа пресуда испраќа јасна порака дека насилството врз новинарите не треба да се толерира и дека правдата мора да биде задоволена. Судот, преку оваа пресуда, ја признава важноста на заштитата на новинарите и слободата на изразување како основни темели на демократското општество. Пресудата е значаен чекор напред во борбата против заканите и притисоците врз медиумските работници.

    Изминатите седум години наместо правосудните органи да ја вршат својата работа, дел од новинарите, фоторепортерите и снимателите беа тие кои сами ја бараа правдата низ судските ходници помогнати од адвокатите на ЗНМ.

    Денеска правдата ја виде светлината на денот. Имено, во Основниот граѓански суд Скопје, за случајот со Душица Мрѓа, која беше една од нападнатите новинарки за време на упадот во Собранието, доби разрешница. 

    Во пресудата стои дека се задолжува тужениот Република Северна Македонија да ја обештети по основ на надомест на нематеријална штета поради претрпен страв, како и по основ на повреда на правото на слобода на изразување. 

    Да потсетиме дека после нападот, колешката Мрѓа беше првата новинарка која даде исказ во Јавното обвинителство, по што напаѓачот не беше идентификуван, а немаше ниту постапка за него. За да биде иронијата поголема, дел од напаѓачите на пратениците, не само што беа идентификувани, туку дел од нив беа осудени, а дел амнестирани. 

    Други новинари исто така имаат тековни постапки за овој случај за кои ЗНМ со внимателност ги следи. За потсетување, дел од фактите за овој случај се следните:

    • На 27-ми април 2017 година повеќе од 20 новинари беа под закана и напад и им беше забрането да известуваат на местото на настанот.
    • Во периодот од 2017 до 2018 година беа поднесени првите тужби од страна на новинари и медиумски работници против непознати лица и против државата, барајќи правда за физичките и вербалните напади врз нив за време на настаните во Собранието. Овие тужби беа насочени кон откривање на идентитетот на напаѓачите, барање компензација за нанесените повреди и оштетена опрема, како и барање за одговорност од страна на државата за пропусти во безбедносниот протокол
    • Од 2018 до 2019 година се случија првите судски одлуки кои не беа во корист на новинарите, поточно судовите ги одбиваа тужбите, често поради недоволни докази или неможност да се идентификуваат директно одговорните лица за нападите
    • Во 2020 година судот ги одби тужбите од страна на новинарките Душица Мрѓа и Наташа Стојановска со образложение дека немале докази дека имало упад и немале телесни повреди
    • Во 2023 година Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на Горан Трпеноски против Основниот граѓански суд – Скопје, кој претходно му ја отфрли тужбата против државата за 27-ми април 2017 година 
    • Уставниот суд исто така донесе и одлука У.бр.26/2024 за Трпеновски во која укажа дека Основниот граѓански суд – Скопје и Апелациониот суд Скопје му ја повредиле слободата на изразување, бидејќи државата не го заштитила на 27.04.2017
    • Уставниот суд во јули 2023 година утврди повреда на слободата на јавно изразување на мислата на новинарот Влатко Стојановски од ФОКУС за време на настаните во Собранието на 27-ми април 2017 година. Според судот, во две пресуди – една од Граѓанскиот суд – Скопје од 2021 година и една од Апелациониот суд Скопје исто од 2021 година е пропуштено да се утврди и повреда на слободата на изразување
    •  Во јануари 2024 Уставниот суд донесе одлука со која се потврдува дека на колешката Душица Мрѓа, новинарка од ТВ24 e прекршенa слободата на изразување, а со тоа и повреденo правoтo на граѓаните да бидат информирани за случувањата кои беа на 27-ми април во Собранието

    Здружението на новинари на Македонија со години ги повикува надлежните институции сериозно и ефикасно да ги истражат сите напади на новинарите и одговорните да бидат казнети. Битката за правото на информирање и правото на слободно вршење на новинарската работа нема да застане тука. Оние кои ги повредуваат правата на новинарите потребно е да разберат дека напад на новинар, во исто време е напад и врз слободата на говорот, правото на граѓаните да се информираат и на демократијата воопшто.

    Со измените на Кривичниот закон, казните за напаѓачите се зголемени, а обвинителството постапува по службена должност.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ: Јавна поука за непримерното барање за извинување од ЈП Паркови и зеленило и најавата за СЛАПП тужба
    септември 4, 2024

    Следен

    ЗНМ: Спречувањето на новинарите да ја извршуваат својата професионална задача е неприфатливо
    септември 11, 2024

    Можеби ќе Ве интересира

    169 (77)
    ЗНМ: ОЈО и Судскиот совет итно да утврдат одговорност за неизвршена одлука за заштита на новинарка
    7 август, 2026
    169 (77)
    ЗНМ го осудува попречувањето на работата на снимателот на ТВ Тера и бара итно постапување од МВР и ОЈО
    4 август, 2026
    169 (77)
    ЗНМ го осудува нападот врз новинарската екипа на ТВ Глоби и бара итна истрага од МВР
    21 јули, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?