• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • Почнува јавна дебата за креирање на Фонд за новинарски продукти: ЗНМ и европските новинарски организации на средба во Владата

    Почнува јавна дебата за креирање на Фонд за новинарски продукти: ЗНМ и европските новинарски организации на средба во Владата

    • Категории Соопштенија
    • Датум јуни 5, 2023

    На барање на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), денеска се одржа средба со премиерот Димитар Ковачевски заедно со претставници на пет глобални новинарски и медиумски организации кои се во посета на Македонија.

    Предмет на разговор беше потребата, Владата и новинарската фела, заедно да изнајдат механизам преку кој ќе се унапреди плурализмот во медиумското известување, но и да се подобри генерално медиумската содржина каде ќе преовладува јавниот, а не партискиот интерес. За оваа цел, претставниците на новинарските и медиумските организации ја истакнаа нужноста од креирање на фонд за поддршка на плурализмот во медиумите. Важно е да постои механизам кој ќе даде шанса на сите медиуми и новинари кои имаат идеи за квалитетни медиумски содржини да имаат пристап, на транспарентен и фер начин да бидат поддржани во своите напори со цел да го задоволат јавниот интерес.

    Премиерот Ковачевски ги поздрави напорите на новинарските организации и изрази подготвеност да се отвори јавна дебата за барањата за креирање на фонд за поддршка на плурализмот во медиумите во Македонија.

    Освен ова, на состанокот се дискутираше за преземање на следни чекори кои би влијаеле на зголемување и заштита на слободата на изразување, мерките за поголема заштита на новинарите од напади, вербални и физички, посебно новинарките кои за време на вршење на својата работа се повеќе изложени на напади.

    Во врска со транспарентноста на Владата, беа пренесени дел од пречките со кои локалните медиумски работници се соочуваат и беше уште еднаш побарано на секоја фотографија, видео и текст од владата и било која јавна институција да мора да биде јасно означена дека станува збор за владина содржина. Исто така и за ова барање, од страна на претставници на кабинетот, беше укажано дека постои подготвеност да се разговара за потенцијално техничко решение.

    Во периодот од 5 до 7 јуни претставниците на новинарските и медиумските организации остваруваат средби претседателот на државата, претседателот на Владата, претседателот на Собранието, министерот на Министерството за информатичко општество и администрација, директорите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на јавниот сервис (МРТ), со амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија, Амбасадата на САД, како и со група на новинари и уредници, членови на ЗНМ.

    Овие состаноци се реализираат во рамки на „мисијата за проверка на факти“ која ја организира Здружението на новинари на Македонија. Во рамки на оваа мисија претставниците на ЗНМ и на „Европската федерација на новинари“, „Фри Прес Унлимитед“, „Меѓународниот институт за медиуми“, „Европскиот центар за слобода на печатот и медиумите“, и „Osservatorio Balcani e Caucaso Transeuropa“, oстваруваат средби со важни чинители за медиумскиот сектор, а набргу ќе биде објавен и извештај со наоди и препораки. 

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ: Презентирани предизвиците на новинарите пред институциите во Брисел
    јуни 5, 2023

    Следен

    ЗНМ и меѓународни новинарски организации во скенирање на медиумската состојба во Македонија
    јуни 7, 2023

    Можеби ќе Ве интересира

    169 (2)
    ЗНМ: Петти ботски напад врз „Слободен печат“, цензура без цензор
    14 октомври, 2026
    169-31-1536×864
    ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон новинарите Александар Митовски и Милош Милошевски
    13 октомври, 2026
    169 (77)
    ЗНМ реагира на повторувачките он лајн закани кон новинарот Александар Видиновски
    13 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?