Почина новинарот Живко Георгиевски

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува искрено сочуство по повод смртта на колегата Живко Георгиевски, истакнат новинар, долгогодишен дописник и поранешен директор на Медиумска информативна агенција (МИА), кој почина на 79-годишна возраст.
Георгиевски зад себе остави значаен белег во македонското новинарство, работејќи во „Вечер“, Радио Охрид, Танјуг и повеќе медиуми, а дел од кариерата ја помина и како дописник од Индонезија. Во периодот од 1998 до 2002 година беше директор на МИА.
Неговиот придонес во новинарството ќе остане трајно запаметен.
Фото: Интернет
