Почина новинарот Агрон Сулејман

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) со длабоко жалење ја прими веста за смртта на нашиот долгогодишен член, Агрон Сулејман.
Агрон Сулејман беше одговорен уредник на специјализираниот портал Autoinfo.mk и еден од најпознатите македонски новинари од областа на автомобилизмот. Како автомобилски експерт и аналитичар за безбедност во сообраќајот, тој беше препознатлив по својата професионалност, стручност и исклучително познавање на состојбите на домашниот и меѓународниот автомобилски пазар.
Во текот на својата долгогодишна кариера, Агрон Сулејман остави значаен и траен придонес во македонското новинарство, работејќи посветено, одговорно и во согласност со највисоките професионални стандарди.
ЗНМ изразува искрено сочувство до неговото семејство, најблиските, колегите и сите што имаа чест да соработуваат со него.
Нека почива во мир.
