Почина новинарката Ирена Радовановиќ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува жалење за смртта на колешката Ирена Радовановиќ, долгогодишна новинарка во МИА.
Во 1991 година започнува да работи како новинарка во неделникот „Фокус“ каде останува до 2001 година, од таму кариерата ја продолжува во „Вечер“. Од 2004 до 2006 година работи во редакцијата на „Нова Македонија“, 2006 и 2007 е дел од информативните гласила „Македонија денес“ и неделникот „Денес“. Работела и во политичките неделници „Форум“, во весникот „Дневник“и во Радио „Слободна Македонија “.
Во 2014 година се вработува во новинската агенција МИА како новинар во внатрешно-политичката редакција и новинар-аналитичар.
ЗНМ изразува искрено сочувство до нејзиното семејство, колегите и пријателите.
