Почина колешката Хилда Кондовска

На 82 години почина колешката Хилда Кондовска. Кондовска беше новинарска и уредничка на културната програма во Македонската радио-телевизија (МТВ). За време на нејзината активна кариера таа беше симбол за професионално новинарство од областа на културата и уметноста во земјава. Во нејзиното професионално портфолио се запишани многу репортажи, тв портрети и фељтони кои оставиле печат во новинарството.
Здружението на новинарите на Македонија изразува длабоко сочувство до семејството на колешката Кондовска.