Почина колегата Предраг Димитровски

Предраг Димитровски е новинар со над 30 години искуство во новинарството. Беше главен уредник во весникот „Вечер“ од 2005 до 2006 година, а потоа работеше и во дневниот весник „Дневник“.
Последните години од работниот век ги помина во „Република“ и „Пресинг ТВ“, каде што специјалност му беа темите поврзани со односите со Бугарија, а е добитник и на повеќе награди од областа на новинарството.
ЗНМ изразува длабоко сочувство до семејството и пријателите на колегата Димитровски.
Фото: Интернет
