Почина колегата Петар Ѕалев

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува длабоко жалење и сочуство до семејството за загубата на колегата Петар Ѕалев кој беше долгогодишен новинар и уредник на Македонската радио-телевизија.
Во неговиот богат авторски и новинарски опус, Петар Ѕалев работел во стопанската редакција на тогашната Телевизија Скопје, а потоа и во Македонската телевизија. Уредник беше на Внатрешно-политичката редакција, а во 2009 година беше назначен за одговорен уредник на Информативната редакција на Првиот програмски сервис на Македонската телевизија.
Петар Ѕалев беше и долгогодишен член на ЗНМ.
Фотографија: Интернет
