Почина колегата Крешник Ајдини

Почина колегата Крешник Ајдини, долгогодишен новинар и граѓански активист. Тој беше основач и на Лајф Радио во 2002 година и еден од основачите на Цивил – Центар за слобода и Цивил медиа.
Ајдини во својата богата кариера, исто така работеше на преводи на голем број важни дела од албански на македонски јазик и обратно, со што даде огромен придонес кон запознавање на двете култури.
Колегата Крешник Ајдини почина вчера на 16 јуни на 55 годишна возраст.
ЗНМ изразува длабоко сочувство до семејството на колегата Ајдини.
Фото: Интернет