Почина долгогодишниот новинар и активен член на ЗНМ Никола Талевски

Долгогодишниот новинар и активен член на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Никола Талевски почина утрово во Битола по кратко боледување.
Најголем дел од новинарскиот живот го помина како дописник на Македонската телевизија, а имаше свои јавувања и во македонското радио. Работеше и во Радио Битола, а по пензионирањето не го напушти новинарството и го основа медиумот “Инфо магазин“.
ЗНМ изразува длабоко сочувство до семејството на колегата Талевски.
фотографија: mms.mk