Почина Горан Гаврилов, сопственик на радиото Канал 77

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува длабоко сочувство до семејството на колегата и соработник Горан Гаврилов кој по кратко боледување почина денеска на педесет и четиригодишна возраст. Гаврилов беше долгогодишен истакнат медиумски работник, а беше и основач на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми во Македонија.