Почина Весна Крстева, новинарка во радио Канал 77

Почина новинарката Весна Крстева, главен уредник во радиото Канал 77.
Колешката Крстева зад себе имаше 28 годишна радиска кариера, а на уредничкото место помина 13 години.
Погребот ќе се одржи утре, 27 септември од 12 часот на градските гробишта во Штип.
Здружението на новинарите на Македонија изразува длабоко сочувство до семејството на колешката Крстева.
Фото: Интернет