• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЗНМ и Судско-медиумскиот совет

    Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЗНМ и Судско-медиумскиот совет

    • Категории Активности
    • Датум февруари 24, 2023

    Во Кривичниот суд во Скопје вчера се одржа работна средба на која присуствуваа претставниците на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), членови на Судско-медиумскиот совет, судии од Кривичниот, Граѓанскиот, Апелациониот и Уставниот суд во Скопје, претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Совет на Европа -Програмската канцеларија во Скопје и Коалиција Сите за правично судење. 

    За време на средбата, претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски и претседателот на Судско-медиумскиот совет, Васко Маглешов потпишаа меморандум за соработка помеѓу двете организации.

     Воведно обраќање имаше претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски кој изјави:  

    „ За нас постапките со кои се третираат теми кои се важни за работата на новинарите и општо за слободата на изразување важно е да не отстапуваат од позитивната пракса на судот во Стразбур. Затоа ЗНМ и во минатото организираше и учествуваше во работилници за новинари и судии како и за обвинители со што сакавме да покажеме дека можеме заедно да комуницираме на теми кои ни се од интерес и дека знаеме која е црвената линија кога ќе се злоупотреби слободата на изразување и со тоа се повредува друго човеково право. Во оваа насока, на судиите сигурно им е познат механизмот на примена на трипартитниот тест. механизам кој се користи во судот за човекови права во Стразбур и е важен не само за судиите туку и за новинарите, при неговата практичната примена, најпрвин се испитува дали ограничување на слободата на изразување е пропишано со закон, потоа дали е насочено кон остварување на легитимна цел, па финално, дали е „неопходно во едно демократско општество“.

    Настанот беше поздравен и од претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев кој рече: 

    „Лично за мене, учеството во Судско-медиумскиот придонесе промена во начинот на кој ги доживувам медиумите. Сметам дека ова телото ни беше навистина потребно. Во изминатите неколку години направени многу исчекори,  во насока на тоа како треба да изгледа релацијата помеѓу новинарите и судиите. Под влијание на Судско-медиумскиот совет, направена и стратегијата за транспарентност во Кривичниот суд, која што е објавена на нашиот сајт и други активности кои постојано ја подобруваат меѓусебната комуникација.“ 

    Васко Маглешов, претседателот на Судско-медиумскиот совет во својот говор се наврати на почетоците на соработката со Кривичниот суд и рече:  

    „Би сакал да приложам неколку детали во врска тоа како нашата историја почна, во смисла на соработка, што се поминавме и што имаме идеја да поминеме во иднина. Во основа идејата е добра со позитивен дух да соработуваме повеќе, да се почитуваме повеќе и се разбира да ја информираме јавноста повеќе за информации битни за неа.“ 

    По завршувањето на воведните обраќања и потпишувањето на меморандумот, следеше дебата од страна на присутните претставници на институциите и организациите во насока на  подобрување на соработката со судските и медиумските органи преку заеднички активности, консултации и кампањи. Беа споделени досегашните искуства меѓу новинарите од различни медиуми во земјава што редовно известуваат за работата на судовите како и искуствата на судските власти од медиумските известувања за судските процеси, а сето тоа во полза пред се на јавниот интерес, но и на професионалното новинарство и независноста на судиите. 

    Настанот е организиран во рамките на проектот „Зајакнување на слободата на медиумите во Северна Македонија“ финансиран од Кралството Холандија и имплементиран од страна на холандскиот Хелсиншки комитет и Фри прес анлимитед (Free Press Unlimited) во партнерство со Здружението на новинарите на Македонија. Ставовите и  мислењата на учесниците на настанот нужно не ги претставуваат ставовите на Кралството Холандија, ниту на организациите што го спроведуваат проектот или на нивниот локален партнер

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ и ССНМ остварија средба со Претседателот на Собранието
    февруари 24, 2023

    Следен

    SafeJournalists: Недозволиво однесување на полицијата кон новинарите во Босна и Херцеговина
    февруари 27, 2023

    Можеби ќе Ве интересира

    slika MK
    ЗНМ бележи негативни трендови во Извештајот за степенот на слобода на медиумите и безбедноста на новинарите за 2022 година
    29 март, 2023
    znm
    Регионални активности и средба на секцијата на сниматели при ЗНМ во Велес
    28 март, 2023
    10
    Доделени годишните новинарски награди на ЗНМ за 2023 година
    27 март, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?