Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЗНМ и здружението МЕДИУМ

Претседателите на ЗНМ Младен Чадиковски и МЕДИУМ Скопје Виктор Стефановски потпишаа меморандум за соработка.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Здружението за промоција на дијалогот толеранцијата и човековите права „МЕДИУМ“ Скопје вчера во просториите на ЗНМ се договорија да соработуваат, одржуваат обуки и кампањи со цел подобрување на состојбата на слободата на говорот и правата на новинарите.

Меморандумот подразбира активности кои ќе се однесуваат на унапредување на транспарентноста и отчетноста во работењето на институциите, како и точното и навремено информирање на граѓаните.
Двете здруженија во изминатиот период меѓу другото, утврдија дека постои простор за соработка на една од најгорливите теми во медиумите, а тоа е гарантирање на слободата на говорот во медиумскиот простор.
Во наредниот период предвидено е издавање на заеднички публикации , кои би влијаеле во насока на подигнување на свеста за важноста на улогата на медиумите во општеството.