• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЗНМ и Лекарска комора

    Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЗНМ и Лекарска комора

    • Категории Активности
    • Датум декември 23, 2021

    Денеска во просториите на ЗНМ беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Здружението на новинари и Лекарската комора со кој се обврзуваат двете организации заеднички да работат на подигнување на нивото на соработка меѓу професиите кои ги застапуваат и унапредување на здравствената култура во нашата земја. 

    Двете организации во изминатиот период утврдија дека постои потреба за подигнување на нивото на соработка и комуникацијата меѓу новинарите и лекарите преку организирање на настани од заеднички интерес на кој би учествувал лекарите и новинарите. Меморандумот подразбира преземање на активности со цел унапредување на положбата на лекарите и медиумските работници во кризни состојби,  реализација на заеднички активности насочени кон едукација со цел подигнување на квалитетот на медиумското известување поврзано со прашања од здравствената сфера. Во рамките на соработката се предвидува и  заеднички настап  пред надлежните институции и јавноста за побрзо носење на измените на Кривичниот законик со кои нападот врз здравствен работник и новинар како и медиумски работник ќе се смета за напад врз службено лице.

    „Овој меморандум и оваа заложба за меѓусебна соработка е доказ дека имаме искрена намера новинарите и лекарите да работат на заеднички точки на интерес во корист на граѓаните. Токму ова ќе бидат и темите на кои во иднина се обврзуваме да работиме најпрво преку средби за консултации помеѓу членови на ЗНМ кои покриваат теми од сектор здравство и претставници на Лекарската комора. На долг рок оваа соработка очекуваме да придонесе кон подобрување на комуникацијата но и довербата помеѓу двете фели“, изјави Чадиковски, Претседател на ЗНМ.

    Претседателот на Лекарската комора проф. д-р Калина Гривчева Старделова  истакна дека лекарите и новинарите се занимаваат со јавни професии поради што многу често се соочуваат со слични проблеми обидувајќи се професионално да ги извршуваат своите задачи.  „Ова особено стана изразено во периодот на пандемија кога и новинарите и лекарите станаа жртви на физички и вербални напади. Ние како професионални здруженија со потпишување на Меморандумот се обврзуваме заеднички да постигнеме подобри резултати во застапувањето на нашите членови, да го трасираме патот за поблиска комуникација во секојдневното извршување на работните задачи што ќе овозможи навремена дистрибуција на точни информации до јавноста, а со тоа да придонесеме за унапредување на здравствената култура и здравствената заштита во земјата“, изјави проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседател на Лекарска комора.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ВИДЕО ПРОДУКТИ ЗА КАМПАЊА
    декември 23, 2021

    Следен

    ССНМ и ЗНМ со реакција за отпуштањата на шест медиумски работници во Алфа ТВ
    декември 24, 2021

    Можеби ќе Ве интересира

    20230601_113632
    ЗНМ: Презентирани предизвиците на новинарите пред институциите во Брисел
    1 јуни, 2023
    3
    Работилница за безбедност на новинарите и снимателите во соработка со МВР и ОЈО
    28 мај, 2023
    5
    Реализирана тродневна работилница за изработка на новиот стратешки план на ЗНМ
    8 мај, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?