Поради компликации од Ковид-19 почина Драган Ристов

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува длабоко сочувство до семејството на колегата Драган Ристов кој почина поради компликации од Ковид-19. Тој беше долгогодишен новинар, во последниот период вработен во секторот за односи со јавност во Општина Штип. Драган во својата новинарска кариера беше вработен во Радио Канал 77 и член на ЗНМ. 47- годишниот Драган Ристов зад себе остави сопруга и две деца.
Фотографија (МИА)